Смисла: Што останува зад нас?

Date:

Share post:

Елена Лука (Пандева) е гостинка во последната емисија на поткастот Смисла, со отец Бобан и сестра Ефимија. Во оваа епизода тие разговараат со жена која е синоним за естетика, но не само онаа визуелната, туку и суштинската: естетиката на душата.

Зборуваат со жена визионер, која верува дека естетиката не е само форма, туку желба да се создава убаво за да се направи добро.

Во оваа епизода на поткастот „Смисла“, Елена Пандева, зборува за нејзиниот професионален успех за да ги открие темелите на нејзиниот карактер.

Дел од прашањата на кои водителите бараат одговори на суштинските прашања се, дали помагањето е чиста емоција или свесна одлука да се биде корисен за заедницата? Што е потребно за да се опстане и да се води во динамичниот деловен свет, а притоа да се зачува емпатијата?

Оваа епизода го открива нејзиното децениско пријателство со монаштвото во нашата земја и ктиторството на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица и она што манастирот Рајчица го изгради во внатрешноста на Елена, додека таа помага во обновата на неговите конаци.

Погледнете ја  и приказната за емотивната ревија со жените кои се борат со рак, која е сведоштво за тоа како облеката може да стане дизајнирана надеж и достоинство.

На крајот од денот, што навистина останува по нас: зградите, модните парчиња или сјајот во очите на луѓето на кои сме им подале рака?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img