Важно сослужување во Виена за односите на МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија

Date:

Share post:

Свештениците на МПЦ-ОА и на Вселенската патријаршија од Виена, Австрија вчера имаа заедничко сослужување ви храмот Свети Јован Златоуст во Виена, седиште на Вселенската патријаршија.

Ова е значаен момент за односите на МПЦ-ОА со Вселенската патријаршија, особено во делт на црквите во дијаспората.

Сослужувањето е со благослов на надлежните Митрополити Пимен од МПЦ-ОА и Арсениј од Вселенската патријаршија.

-На ова свето богослужение сослужуваа отец Јован од МПЦ-ОА „Св. Наум Охридски“ од Виена и отец Немања, свештеник при Цариградската Патријаршија во Виена. Колку е убаво и мило кога браќата живеат заедно и се разбираат на јазикот на љубовта.“ Верниот народ се причести со Светите Тело и Крв Христови. Христос е и ќе биде помеѓу нас, стои во објавата на веста.

Ова сослужување е важно и во контекст на спиновите што во македонската јавност се шират дека наводно еден од условите за добивање Томос од Вселенската патријаршија бил МПЦ-ОА да се откаже од црквите во дијаспората, што во основа е лажна вест. Напротив добивањето Томос од Вселенската патријаршија ќе значи право на учество на владиицте на МПЦ-ОА во Сеправославните совети на дијаспората, каде членуваат сите помесни признати автокефални цркви.

Овој настан од Виена е само доказ дека Вселенската патријаршија ги признава постоењето на црквите на МПЦ-ОА во рамки на дијаспората.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img