Премиерот Хрисјтијан Мицкоски ги собра поглаварите на петте уставни верски заедници во Македонија и државниот врв на заедничка Ифтар вечера, што ја организираше за месецот рамазан.
На вечерата покрај Архиепископот Стефан, Реисот Шакир Фетаи, Бискупот Киро Стојанов, и претставници на Еврејската заедница и евнаглеско-методистичката црква, беше и претседателката Гордана Силјановска Давкова, како и Спикерот Африм Гаши.
Тука беа речиси сите министри во Владата, пратеници од владеачкото мнозинство, коалициони владини партнери.
Премиерот на фејсбук напиша дека во име на Владата, имал чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност.
-Во духот на овие вредности, вечерта ја поминавме во топла атмосфера, разговарајќи, градејќи пријателства и потврдувајќи дека почитта и соживотот се темел на нашето општество.
Ваквите средби нè потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна и пообединета заедница.
На сите верници кои го одбележуваат месецот на постот им посакувам мир, здравје и благословени денови, напиша Мицкоски на фејсбук.














