Руската црква ќе основа парохија во Абу Даби

Date:

Share post:

Руската православна црква ќе основа парохија во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати. Ваква одлука донел Синодот РПЦ, откако членовите на Синодот го слушнале извештајот подготвен од Митрополитот Волоколамски Антониј, претседател на Одделот за надворешни црковни односи.

Причината како што забележува РПЦ е што верниците што зборуваат руски јазик и живеат во Абу Даби се обратиле до Руската православна црква со барање за основање Руска православна парохија таму.

Парохијата ќе биде под јурисдикција на Антиохиската патријаршија, Патријархот Јован дал согласност и за изградба на црква.

-Во писмо упатено до Неговата Светост Кирил, Патријарх Московски и на цела Русија, од 17 јануари 2026 година, Неговото Блаженство Јован X, Патријарх Антиохиски и на целиот Исток, даде согласност за основање на руска православна парохија во Абу Даби под јурисдикција на Антиохиската Патријаршија и изградба на црква. Со оглед на согласноста на Антиохискиот Патријарх, Светиот Синод на Руската Православна Црква одлучи да основа руска православна парохија во Абу Даби во чест на Казанската икона на Богородица. Со одлука на Синодот, пастирската грижа за новоформираната парохија му беше доверена на архимандритот Александар (Заркешев), ректор на црквата „Свети апостол Филип“ во Шарџа, стои во одлуката на Синодот на РПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here