Историско сослужување – македонскиот јазик се слушна на литургија во Храмот на Воскресението во Ерусалим

Date:

Share post:

Древната Ерусалимска Патријаршија е уште една од Православните цркви која го признава канонскиот статус на МПЦ – Охридската Архиепископија, по одлуката на Вселенската Патријаршија од 9 мај. Тоа практично и го денонстрираше со провото историско сослужување во Храмот на Воскресението (Светиот Гроб) во Ерусалим.

На ноќната литургија служеше Епископот Антаниски, од Бигорскиот манастир Г. Партениј и архиепископот Аристовул од Ерусалимската Патријаршија и неколкумина други свештенослужители, меѓу кои биле и архимандритот Доситеј и јеромонасите Кирил и Анатолиј од Бигорскиот манастир.

Ова е прво сослужение на архиереј од Охридската Архиепископија во Светиот Град по востановувањето на нејзиното литургиско и канонско единство од страна на Вселенската Патријаршија, но воопшто и во поновата историја на МПЦ-ОА. На литиургијата покрај грчкиот за прв пат во историјата се користел и македонскиот јазик.

Епископот Партениј е во посета на Ерусалимската патријаршија со благослов на Архиепископот . г. Г. Стефан и на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Отец Партениј со дел од своето братство,вчера имал официјална средба со Ерусалимскиот Патријарх г. г. Теофил во седиштето на Патријаршијата во Ерусалим. На средбата, Епископот Партениј му ги предал писмените поздрави од архиепископот Стефан и усните од митрополитот Тимотеј и добил благослов за богослужење на светите места.

Исто така, Патријархот Теофил го истакнал своето задоволство од примањето на Охридската Архиепископија во канонско единство, по одлуката на Вселенскиот Патријарх од 9 мај годинава и по помирувањето со православната Црква на Србија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img