Бугарската православна црква откажа да дојде на јубилејот 1000 години од Охридската Архиепископија, што на 27 и на 28 мај во Охрид ќе го одбележи МПЦ-ОА.
Синодот на БПЦ го разгледувал писмото покана што Архиепископот г.г. Стефан го испратил до Бугарската Патријаршија и во поделена атмосфера одлучил да не прати делегација на БПЦ во Охрид.
Бугарските владици, без присуство на Патријархот Неофит гласале двапати и во двата наврата немало доволно број гласови за да позитивно одговорат на барањето на МПЦ-ОА.
Русенскиот митрополит Наум бил првиот кој предложил Синодот на БПЦ да не одобри делегација за посета на МПЦ-ОА, а со него се согласиле Ловченскиот митрополит Гаврил, Доростолскиот Амросиј, Западно и средоевропскиот Антониј, Јован од Варна, Неврокопскиот Серафим, како и владиците Данаил и Григориј.
Против предлогот на Русенскиот Наум биле Пловдискиот митрополит Николај, Старозагорскиот Кипријан и уште тројца владици, Јоаникиј, Игнатиј и Григориј.
На истата седница Пловдискиот митрополит Николај предложил и состав на делегација која требало да дојде во Македонија, но и гласањето за овој предлог било идентично, осумина владици биле ПРОТИВ, а петмина ЗА.
Оваа одлука на Синодот на БПЦ е големо изненадување и за јавноста во Македонија, но особено за јавноста во Бугарија, бидејќи Патријархот Неофит неодамна јавно изјави дека ако МПЦ испрати покана, тие ќе испратат своја делегација.
Оваа одлука во Бугарија се толкува и како резултат на силно руско влијание, што пак ја отсликува реалната состојба на поделеност во Синодот на БПЦ и јасно ги посочува владиците кои се под големо руско влијание.


Auuu, šteta velika što nisu došli, a kamo sreće nikad da ne dođu. Ne znam šta ih je pa ovaj pozvao, i on ne zna šta radi-poziva neprijatelje na slavlje, oprosti mu Gospode.