Дарио Вренцоски прв дојде до светиот крст во Кичево

Date:

Share post:

Најсреќниот Дарио Вренцоски го пронајде светиот крст во осветените води на базенот во Кичево.

vodici kicevo 3Чествувањето на Богојавление  Водици во Кичево денеска почна со утрена богослужба и света божествена литургија на свештениците од храмот „Св. апостоли Петар и Павле“, на која присуствуваа голем број верници.

По литургијата беше осветена вода во црквата, од која верниците си зедоа за во своите домови.

Литијата  од храмот „Св. ап. Петар и Павле“  тргна во 10 часот, по што се изврши осветување на водите во базенот од страна на свештенството и беше положен крстот.

Ден претходно,  базенот во поранешниот Дом на АРМ беше подготвен за денешното полагање на крстот.

Како и претходните години, и годинава бројот на доброволни верници кои скокнаа по крстот беше доста голем.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img