Во Битола се слави заштитникот на градот Свети Нектариј Битолски

Date:

Share post:

Со голема литија од Црквата Свети Димитрија, низ улиците и Широк сокак, Битола утре ќе го одбележи 18 декември денот на преподобниот Нектариј Битолски, заштитник на градот Битола.

bitola-litijaСпоред востановената традиција и одлуката на општинскиот Совет за прогласување на Свети Нектариј Битолски за заштитник на градот, локалната самоуправа и Преспанско-пелагониската епархија со повеќе програмски активности ќе го одбележат денот на македонскиот светец од 15. век, роден битолчанец кој својот живот го завршил на 5 декември во 1500 година, сметано според стариот црковен календар.

– Пригодната програма почнува утрово во 8.30 часот со литургија која ќе се одржи во црквата свети Великомаченик Димитриј, а потоа во 10.30 часот од оваа црква, низ улиците на Битола и на Широк сокак ќе се одржи литија. Напладне во општината ќе се одржи традиционалната средба меѓу градоначалникот Владимир Талески и митрополитот преспанско­пелагониски и администратор австралиско­новозеландски г. Петар, а во 18 часот во битолскиот театар ќе бидат емитуван документарниот филм, а црковните хорови „Свети Нектариј Битолски“­ Битола, „Света Петка“­Прилеп и „Свети Ахил Преспански“­Ресен ќе изведат програма со духовна музика, информираа од битолската локалната самоуправа.

Според преданијата, македонскиот светец учел од своите учители Дионисиј и Филотеј кои го замонашиле и од нив го добил името Нектариј. Својот богоугоден живот го живеел и завршил на Света Гора, а пет години по неговата смрт, неговите ученици и следбеници го отвориле неговиот гроб за да му ги пренесат моштите и забележале дека тие не биле распаднати, а потоа ги положиле во ковчег на кој што бил направен релјеф со неговиот лик. Ковчегот со моштите на Свети Нектариј Битолски и денес се чува на Света Гора.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img