Почетна Вести Папата Франциск го прослави 80-от роденден со бездомници и работно
Папата Франциск го прослави 80-от роденден со бездомници и работно

Папата Франциск го прослави 80-от роденден со бездомници и работно

126
0

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциск, во саботата одбележа 80 години со појадок со осум бездомници од плоштадот на Свети Петар, кои ги покани во трпезаријата на пансионот „Домот на Света Марта“, каде што тој живее, послужувајќи ги со традиционалните слатки од неговата родна Аргентина, објави службата за информирање на Светата столица.

papa-francisk-rodendenОва не е првпат својот роденден папата Франциск да го прославува со бездомници. Како што прецизираат од Ватикан, во саботата во народните кујни, каде бесплатно се дели храна на бедните и бездомниците, во чест на јубилејот на папата се служат и слатки за десерт.

Според ватиканската служба за односи со јавноста, папата Франциск веќе добил повеќе од 50.000 честитки од целиот свет.

Меѓу нив е и честитката од американскиот претседател на заминување Барак Обама, во која вели „И со зборот и со делото Папата ги вданхнови луѓето ширум светот со своите пораки за сочувствување, надеж и мир“. Притоа Обама му се заблагодарува на папата Франциск за придонесот за историското приближување меѓу САД и Куба.

На папата Франциск меѓу првите роденденот му го честитал и патријархот Московски и на цела Русија Кирил, кој во честитката високо го оценил меѓусебното разбирање меѓу Руската православна црква и Римокатоличката црква последните години, „благодарение на Вашата Светост“. Според патријархот Кирил, нивната историска средба одржана во кубанската престолнина Хавана во февруари годинава, им дала нов поттик на пријателскиот дијалог и соработката меѓу црквите „во полза на мирот, справедливоста, зајакнувањето на моралните вредности во општеството и надминување на разликите меѓу христијаните“.

По споменатиот појадок, папата учествувал на служба со кардиналите, коишто живеат во Рим, по која изјавил дека го мачат мислите врзани со стареењето.

„Нешто што изгледа грдо и застрашувачко, староста, на памет му е овие неколку дена“, признал папата Франциск по завршувањето на богослужбата во капелата Паолин.

Повикувајќи се на древните римски поети и филозофи, како Кикерон и Плиниј, папата Франциск ја опиша староста како „жед за мудроста“, додавајќи „Да се надеваме дека тоа така ќе биде и за мене“. „Молете се мојата старост да биде таква: мирна, исполнета со вера, плодна, а и полна со радост“, им се обратил Папата на кардиналите.

Ватикан отворил седум електронски адреси за да може да ги прими сите честитки кои стигнуваат по повод роденденот на Папата, и тоа на латински, италијански, шпански, португалски, англиски, француски, германски и на полски јазик.

Од Светата столица велат дека Папата денот го минува „нормално“, со вообичаените работни активности. Така, неговиот дневен распоред вклучува и средба со претседателот на Малта, со челникот на ватиканската бискупска конгрегација, со бискупот од Швајцарија и претставниците на католичката заедница од италијанската покраина Тоскана.

/МАКФАКС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *