Папа Франциск: Денешна Европа нема лидер кој гледа кон иднината

Date:

Share post:

Во Европа денес нема лидери кои гледаат кон иднината, изјави папата Франциск во интервју за белгиско католичко списание, при што изнесе пофални зборови за повоената генерација политичари, кои ги поставија темелите на ЕУ.

papata-franciskoПапата смета дека францускиот политичар Роберт Шуман, италијанскиот Алчиде Де Гаспери и германскиот Конрад Аденауер вистински работеле на европското единство, гледајќи во него начин кој ќе овозможи „повеќе никогаш да нема војна“.

– Но, по нив денес веќе нема лидери, а Европа има потреба од лидери кои гледаат во иднината, оцени поглаварот на Римокатоличката црква.

Папата Франциск повтори дека е загрижен, бидејќи смета оти „делумна трета светска војна веќе се случува“ со судирите во Украина, на Блискиот Исток, во Африка и Јемен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img