Триесет и осум албански католички свештеници, кои биле погубени поради својата вера, во периодот од 1945 до 1974 година, беа прогласени за блажени на свечена миса во храмот „Свети Стефан” во Скадар.
Според албанската агенција, овој настанот се смета за еден од најзначајните случувања за католиците во Албанија годинава, по „посетата на папата Франциско на Албанија и канонизирањето на мајка Тереза“.
На церемонијата во Скадар присуствуваа илјадници верници и граѓани од Албанија, Косово, Црна Гора и други земји, како и официјални претставници на Ватикан.
Скадарскиот надбискуп Анџело Масафра изрази благодарност до папата Франциско поради признавањето на 38-те албански свештеници за „блажени и слуги на Бога”, оценувајќи го ова решение како „подарок за Албанија“.
Актот на прогласувањето на албанските свештеници за блажени од страна на папата беше потпишан во април годинава.
Во пресрет на беатификацијата, албанскиот Парламент минатата недела усвои Резолуција со која се осудуваат злосторствата извршени врз католичките свештеници во Албанија.

