Бракот е “најубавото Божјо создание” и луѓето кои се во искушение да изневеруваат, треба веднаш да побараат помош, изјавил Папата Франциск, испраќајќи од Грузија, силна порака против разводот, пренесе ДПА.
-Мораме да сториме сé за да го спасиме бракот, истакна Фрањо и истакна дека постојат три “волшебни зборови” – извини, ти благодарам и жалам – кои можат да помогнат при брачните кавги, како и дека паровите може да се расправаат, но не треба да си легнуваат, без да се помират, вели Папата.

