Италијанци на улица против изградба на џамија кај кривата кула во Пиза

Date:

Share post:

Стотици жители на италијанскиот град Пиза организираа протест преку кој ги повикаа своите сограѓани да потпишат петиција против планираната изградба на џамија.

Џамијата треба да биде изградена на само 400 метри од главната туристичка и историска атракција на градот – Кривата кула во Пиза.

piza„Мора да ја стопираме изградбата на нови џамии за да спречиме Италија да стане исламистичко предградие, што би водело кон губење на нашиот идентитет“, изјави шефицата на кампањата „Да им кажеме ‘не’ на џамиите“ и десничарска пратеничка Даниела Сантанке.

„На петицијата веќе собравме голем број потписи. Пред каква било понатамошна изградба на џамии, мора да се донесе закон со кој ќе се регулира дејствувањето на џамиите и имамите“, додаде Сантанке, која ја искористи приликата да ги повика Италијанците да „застанат и да се борат за својот национален идентитет“, како и за „гордоста на постоењето на Италијанците, италијанските закони, традицијата и културата“.

„Не сме ние тие што шират омраза. Не ставаме ние бомби на аеродроми, во подземни железници, на места каде што младите луѓе слушаат музика. Омразата доаѓа од нивна страна. Ние Италијанците секогаш сме љубезни“, истакна таа.

Информациите за тоа дека градскиот совет на Пиза одобрил изградба на џамија на 400 метри од Кривата кула се појавија во италијанските медиуми во почетокот на август.

/МКД.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img