Кипарскиот Архиепископ, Хризостом вчера разговарал со сирискиот претседател Башар ал-Асад во Дамаск, каде е во посета по официјална покана на Асад.
Архиепископот Хризостом бил пречекан со сите почести како официјален гостин. Асад и Хризостом разговарале за состојбата во Сирија и историските врски меѓу двете држави.
Архиепископот на Кипар пред претседателот на Сирија, ја истакнал важноста од зајакнувањето на односите потенцирајќи дека е во интерес на европските држави да ги разгледаат нивните односи со Сирија и да направат укинување на ембаргото.
-Јас уверен дека Сиријците сигурно се движат кон излезот од кризата, и ќе излеземе победнички против тероризмот, изјавил меѓу другото архиепископот Хризостом.
Од своја страна, Асад изјавил дека екстремистите да ја поткопале хармоничната социјалната структура на Сирија, која беше едена од посебни карактеристики во историјата на Сирија.
На средбата присуствувал и Антиохискиот патријарх Јован.
/РЕЛИГИЈА.МК

