Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ се одржа централната Литургиска прослава на Христовото Воскресение – Велигден, најголемиот и најсветлиот христијански празник .
По свеченото Објавување на Воскресението, следеше Пасхалната Литургија, со која чиноначалствваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, митрополитот Георгиј го објави Воскресението Христово на вечерната литургија. Ова беше прво негово служење за Велигден откако е избран за митрополит.
Воскресението Христово се славеше и во Делчево. Епископот Марко отслужи отслужи Воскресна Литургија.
Во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, митрополитот Повардарски Агатангел ја објави најторжествената и најрадосната вест на Православието, а потоа отслужи Велигденска Воскресна Литургија.
Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар, отслужи Света Божествена Златоустова Литургија
Митрополитот Брегалнички Иларион, отслужи Воскресна утрена богослужба и Пасхална Света Литургија, во сослужение на свештенослужители од Штипското архиерејско намесништво, во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип.
Воскресението Христово, по трикратниот опход околу храмот во Тетово го објави митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово.
Во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски Григориј, служеше голема пасхална Вечерна литургија.
Воскресни литургии се служеа во сите храмови и манастири на МПЦ-ОА.

