Владиката Тимотеј на средба со владика на УПЦ-МП

Date:

Share post:

Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј имал средба во Охрод со владика на Украинската православна црква – Московска патријаршија. Средбата била во саботата на 13 април. Во официјалното соопштение на Дебарско-кичевската митрополија нема детали за разговорите, ниту пак за поводот за посета на Македонија на Митрополитиот на Лавов и Галиција, Филарет од УПЦ-МП.

-На 13.04.2024 година, во Митрополитската резиденција во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, оствари средба со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Лвов и Галиција Филарет од Украинската православна црква. Разговорот помина во пријатна и пријателска атмосфера, а беа разменети повеќе мислења и информации за животот во Македонија и Украина, и за состојбата со православната црква во Украина, стои во соопштението на Дебарско-кичевската епархија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...

Папата Лав XIV: „Киното е повеќе од екран – тоа ја влева надежта“

Папата упатил силна порака до актерите, режисерите и сценаристите од светската филмска индустрија и ги повикал да бидат...