Почетна Вести Христијанство САС на МПЦ-ОА: Одлуката на БПЦ дава надеж за конечно решение
САС на МПЦ-ОА: Одлуката на БПЦ дава надеж за конечно решение

САС на МПЦ-ОА: Одлуката на БПЦ дава надеж за конечно решение

584
0

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија го поздрави решението на БПЦ-БП со кое таа прифати да биде промотор на автокефалниоит статус на МПЦ пред православјниот свет.

Македонските владици сметаат дека оваа одлука дава надеж за конечно решавање на статусот на МПЦ-ОА.

-Донесеното решение на САС на БПЦ дава надеж за конечно решавање на статусот на легитимната автокефалност на Македонската православна црква во семејството на Помесните православни цркви. Очекуваме, и во иднина, Бугарската православна црква на МПЦ-ОА да и биде постојан сотрудник во остварувањето на потребната богоугодна цел, се вели во соопштението од МПЦ-ОА.

Од МПЦ-ОА посочуваат дека двете цркви имаат одговорност пред своите едноверни, благочестиви и православни народи кои споделуваат мноштво заеднички христијански вредности низ вековниот опстој.

Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница одлучи да се ангажира и застапува пред  помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *