Почетна Интервју Судриот меѓу Цариградскиот патријарх и Рускиот може да биде гибелен
Судриот меѓу Цариградскиот патријарх и Рускиот може да биде гибелен

Судриот меѓу Цариградскиот патријарх и Рускиот може да биде гибелен

500
6

ИНТЕРВЈУ: проф. д-р: Иван Желев – Bерски aналитичар-Бугарија

Одржувањето на долго најавуваниот Собор на Православната црква е од нејзино исклучително значење. Евентуално неодржување на овој долго најавуван и подготвуван Собор ќе значи дополнително продлабочување на проблемите во Православието. Еминентниот верски аналитичар, универзитетскиот професор од Бугарија, Иван Желев, во интервју за Религија.мк, вели дека овој Собор е најсериозен предизвик за Православната црква.

– Ако овој Собор пропадне, тоа ќе значи дека системот на Православната црква не дејствува, не функционира. Тоа ќе биде исклучително лош сигнал, како кон клирот и народот на поедините православни цркви, така и за неправославните цркви, религии и светски институции. Подобро ќе беше воопшто и да не се нафатевме на тоа пред 55 години, отколку сега да го напуштаме „насред пат“, како што велиме кај нас, вели за Религија.мк, универзитетскиот професор, Желев.

Главниот проблем е на релација меѓу Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Рускиот Кирил. Нивните претензии за превласт во православието го прават се уште неизвеснен овој Собор.

– Првенството по чест и припаѓа на Цариградската, Вселенската патријаршија-патријархот на Цариград е primus inter pares, прв помеѓу еднаквите. Тоа првенство не се оспорува официјално и не би требало да се оспорува, затоа што таков спор ќе биде гибелен.

Навистина се покажува дека тоа првенство по чест, кое вклучува и право на иницијатива за општоправославните прашања (секогаш во координација со другите поглавари на помесните православни цркви), создава проблеми во примената. Но, промената на тој режим може да означува две работи: или православна централизација по образец на Римската црква, или распад на единственото Православие на неопштење помеѓу црквите или на групи од такви цркви – сето ова се премногу погубни перспективи.

Професорот Желев смета дека денес Православната црква не умее да функционира во име на единството. Неодржувањето на собори на нависоко ниво повеќе од 1200 години е резултат на многу политички и општествени проблеми, но најмногу на самите луѓе во црквата.

– И кога на крај раководствата, Синодите на православните цркви решаваат да се свика таков Собор, се покажува дека животот во разединетост не направил неспособни да работиме во единство, вели Желев.

Еминентниот професор, теолог и аналитичар од Бугарија, вели дека и да се одржи Вселенскиот собор, оваа 2016 година, тој нема да има никакво значење за признавањето на автокефалниот статус на МПЦ. Тоа ќе биде така се додека не се дефинираат внатре во православната црква односите за тоа кој и како ја доделува автокефалноста. 

РЕЛИГИЈА.МК: Во Шамбези во Женева деновиве треба да се одржи последната средба меѓу православните цркви од која ќе зависи дали и кога ќе се одржи се Вселенскиот Собор на православната црква. Какви се можностите овој Собор сепак да се одржи?
ЖЕЛЕВ: Одржувањето на Соборот во голема мерка зависи од резултатот на оваа средба на поглаварите на помесните автокефални православни цркви. Но, засега се уште има разногласие во информациите за оваа средба. А, таа треба да се одржи, по нејзе и Соборот. Но за жал последното интервју на митрополитот Иларион Алфеев некако буди песимизам во тој однос.

РЕЛИГИЈА.МК: Кои се клучните прашања околу кои има недоразбирања. Руската Црква неодамна изјави дека постои можност тие прашања да не се надминат?
ЖЕЛЕВ: Основните потешкотии се околу прашањата за првенството (за власт) во семејството на православните цркви. Првенството за чест е јасно и за него не се спори, или речиси  не се спори (има несогласувања за прашањето за старешинството на црквите на пример, макар што тоа не носи никакви бенефиции).

Но, кога зборуваме за тоа кој ќе дава автокефалност или автономија, кој ќе ги раководи православните христијани надвор од границите на помесните православни цркви, тука веќе навистина станува збор за спроведување на власт.

Тоа прашање не е многу јасно во меѓуцрковното право (го користам поимот „меѓуцрковно право“ по аналогија на „меѓународно право“). По основа на своето толкување на 28-то правило на IV Вселенски Собор (од 451 г.) и на древната практика, утврденостите не се по сосема црковни критериуми во семејството на православните цркви, свои силни претензии во тој однос има Цариградската патријаршија (која се почесто преферира да се нарекува Вселенска, макар што официјално нејзиниот патријарх се потпишува Константинополски, односно Цариградски). Од самото ова име, видливи се нејзините вселенски претензии. Но, тие сепак се примаат многу критично, не само од најголемата црква – Руската, која има јасна свест за својата сила, но и од „малите“ цркви (се разбира, по бројност на верници). Веројатно знаете за критичната изјава на поглаварот на Православната црква на Чешка и Словачка, во која тој зборува токму на оваа тема. И сосема ли е случајно што тој Архиепископ не доби признавање за неговиот избор од црквите кои беа засегнати во неговата изјава.

РЕЛИГИЈА.МК: Што ќе значи за Православието ако се случи овој Собор да пропадне? Дали се можни посериозни проблеми?
ЖЕЛЕВ: Ако овој собор пропадне, тоа ќе значи дека системот на Православната црква не е дејствителен, не функционира. Тоа ќе биде исклучително лош сигнал, како кон клирот и народот на поедините православни цркви, така и кон надворешните за Православието цркви, религии и светски институции.

Подобро ќе беше воопшто и да не се нафаќавме на тоа пред 55 години, отколку сега да го напуштаме „насред пат“, како што велиме кај нас.

РЕЛИГИЈА.МК: Колку е значаен овој Собор на Православната црква?
ЖЕЛЕВ: Православната црква како секоја друга организација треба да има свои периодични средби на високо ниво, еден вид црковен самит. Ако тоа не се случува, значи има проблем со функционирањето на таа организација. А, да се извинуваме со божествената страна на Црквата (на пример, ние човечки може и да не успееме да направиме многу, но Црквата е богочовечки организам и Бог се грижи, нема да ја остави) – тоа е чисто фарисејство.

Затоа што вистина е, дека ние, луѓето (ги имам предвид раководствата на одделните помесни Православни цркви) ја носиме полната одговорност за хоризонталното, човечкото помирување во Црквата. Ако епископите на православните цркви не се собираат на периодични средби, собори, конгреси – како и да ги нарекуваме, тоа значи дека тие не можат да работат заедно, не сакаат да работат во единство за единствената цел, која им е поставена, не од некоја партија, од некоја влада, претседател, император.. туку од Самиот Господ Исус Христос. Тоа е исклучително голема одговорност и жално е за оној кој што не може да ја осознае.

РЕЛИГИЈА.МК: Зошто толку долго досега не се одржал ваков Собор?
ЖЕЛЕВ: Причините во најголем степен се политички, но тие траат и во повеќе од илјада години.

Вселенските собири биле свикувани со декрет на власта, на пример на Византискиот император. Но, од IX век самите византиски императори биле премногу слаби (да не заборавиме дека ослабнува и силата на самата Византиска империја) за да се занимаваат со прашања на Црквата. Понекогаш императорите се „клацкале“ меѓу Цариград и Рим. Постојаните напади на соседните народи (тука не се на последно место и Бугарите), негативно влијание имаат и крстоносните војни во текот на неколку века, конечно Османлиското владеење, речиси директните последици од комунистичкиот безбожен режим во Источна Европа. Навистина имало многу сериозни потешкотии. Но, во крајна линија се наоѓаат луѓе, кои од псевдонаучни позиции тврдат дека свикувањето на нов Собор на Православната црква ќе значело крај на светот.

И кога на крај раководствата, Синодите на православните цркви решаваат да се свика таков Собор, се покажува дека животот во разединување не направил неспособни да работиме во единство.

РЕЛИГИЈА.МК: Кој според Вас треба да ја има доминацијата во православието. Вселенската патријаршија, која речиси и да нема верници, или Руската Црква која е најбројна во православниот свет?
ЖЕЛЕВ: Претходно спомнав за првенството по чест, кое и припаѓа на Цариградската вселенската патријаршија-патријархот на Цариград е primus inter pares, прв помеѓу еднаквите.
Тоа првенство не се оспорува официјално и не би требало да се оспорува, затоа што таков спор ќе биде гибелен.

Навистина се покажува дека тоа првенство по чест, кое вклучува и право на иницијатива за општоправославните прашања (секогаш координација со другите поглавари на помесните православни цркви), создава проблеми во примената.

Но, промената на тој режим може да означува две работи: или православна централизација по образец на Римската црква, или распад на единственото Православие на цркви кои меѓу себе не општат, или на групи од такви цркви – сето ова се премногу погубни перспективи.

РЕЛИГИЈА.МК: Колку всушност Вселенскиот Патријарх има реална моќ?
ЖЕЛЕВ: Тој нема реална моќ, мака што самиот патријарх Вартоломеј пред повеќе од 25 години (уште како митрополит) неофицијално имаше кажано дека „првенството на цариградскиот патријарх по чест вклучува во себе и извесна власт“. Ако ја имаше таа реална власт, моќ, работите на општоправославно ниво ќе се случуваа многу полесно, согласно и успешно.

Но, тоа веќе ќе биде друг систем. Сегашниот систем не е лош, тој може да функционира, доволно е да има љубов и разбирање. А треба да има љубов и разбирање, ако сме навистина ученици на Господ Исус Христос.

РЕЛИГИЈА.МК: Множно ли е на е овој собор да се расправа за автокефаност на некоја од црквите. На пример за МПЦ?
ЖЕЛЕВ: Не е можно. Дневниот ред е јасен со децении и според мене нема можност да биде променет.

Но, ако се реши конечно прашањето за начинот на доделување на автокефалноста, тогаш ќе биде полесна и постабилна процедурата и за уредување на автокефалниот статус на МПЦ.

РЕЛИГИЈА.МК: Дали е возможно во скоро време посериозно зближување на Православната и Католичката црква?
ЖЕЛЕВ: Не е возможно, затоа што има контрадејствување внатре во црквите против таква кохезија.

РЕЛИГИЈА.МК: Колку православието денес е пред предизвик да ги губи своите верници?
ЖЕЛЕВ: Тој предизвик секогаш бил пред раководните дејци на црквите, кога тие не биле на своето место како добри пастири по образецот даден од Самиот Исус Христос.
Ние, во поранешните комунистички држави се израдувавме дека по политичките промени многу луѓе ќе се свртат кон верата и Црквата. Но, не успеавме да ги задржиме во Црквата. И вината е само наша, на луѓето од Црквата.

РЕЛИГИЈА.МК: Дали Црквата треба да најде начин како да го прилагоди своето функционирање кон современиот свет на живеење. И дали нешто прави на тој план?
ЖЕЛЕВ: Многу тешко прашање. По него нема единствен став. Едни сметаат дека ние треба да стоиме и да чекаме луѓето да дојдат кај нас, да учат дури и неразбирлив црковно-словенски или старо-грчки јазик, за да ги разберат молитвите и песните, чија содржина честопати ниту самите клирици не ја разбираат во потполност.

Други, пак, сакаат да се „модернизира“ Црквата, да почне да мисли и дејствува како НВО, да ги признава реалностите кои се против христијанскиот морал во општеството, со други зборови – да се изневери себе си и да врви против вечните принципи.

Верниот пат, златниот пат, секогаш е во средината. Но, тоа не значи дека е лесен за пронаоѓање. Едноставно треба непрекинато да се стремиме да го бараме и да го следиме.

 

Коментар(6)

  1. Цариград остана во минатото, ние а и целиот свет го викат Истанбул, во која и вие тн професор, треба да го почитувате!

  2. Сите употреби на „Цариград“ во текстот се дел од титулата на Вселенскиот патријарх или се во контекст на случувања во минатото кога Истанбул се нарекувал Константинопол или Цариград. Титулата, пак, има историски корени и затоа треба да се почитува правото на повикување на историската улога на патријаршијата, а тоа во никој случај не го загрозува политичкиот или било каков друг интегритет на Истанбул. Цариград е завршено минато, но тоа не значи дека треба да се избрише од меморијата на светот.

  3. Колку лошо ни звучи кога ке не наречат бјрм!

    Оваа статија не е историска и нема историски корени, се работи за денешницата. Напиша/објавена е пред ден!

  4. Всъщност, Охридската Архиепископия още от 1019 г. е всеобщо призната за автокефална, и затова трябва да се говори не за някакво ново признаване, а за възстановяването на самоуправлението. И мисля, че е редно Българската Православна Църква да постави този въпрос, без значение, дали това е в дневния ред.

  5. И Московскиот патријарх и Цариградскиот се поглавари на оддели верски заедици и секој поединечо може да си донесува одлуки кои меѓусебо немаат обврзителен карактер. Тоа значи дека еден поглавар што ќе донесе одлука за друг таа не важи, не мора да важи. Во православната црковна сфера , секоја црква е црква за себе и ова што поглаварите на оддели цркви се состануваат и организираат некакви си средби , се е тоа фолклор, а одлуките од таквите средби се по системот , што велат Србите , вежи мачку о реп.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *