Почетна Вести Средбата на Поглаварот на ИВЗ со францускиот амбасадор во Македонија
Средбата на Поглаварот на ИВЗ со францускиот амбасадор во Македонија

Средбата на Поглаварот на ИВЗ со францускиот амбасадор во Македонија

42
0

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоне, вчера разговарал со поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Сулејман Реџепи. Новименуваниот амбасадор на Франција бил гостин во кабинетот на Ресјот во седиштето на ИВС.

francuski-ambasadorСпоред прес службата на ИВЗ, Амбасадорот Тимоне се интересирал за причините поради кои ИВЗ ја бојкотираше четвртата Светска верска конференција во Охрид.

Поглаварот Реџепи му пренел на францускиот дипломат дека главната причина била нереализираните ветувања на државните власти за обнова на џамијата во Прилеп и изградбата на џамијата во Лажец.

-Точно е дела ние како ИВЗ не учествувавме на Светската конференција за меѓурелигиски дијалог. Ние не сакавме Светот да мисли дека во Македонија има верска хармонија, иако тоа е поинаку, му пренел Реџепи на францускиот амбасадор.

На средбата било разговарано и за развојот на ИВЗ, како и за улогата на исламската заедница, со посебен акцент на образовните институции на ИВЗ, Факултетот во Кондово и Иса Бег Медресата, како значајни институции во државата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *