Почетна Вести За прв пат Руски амбасадор на средба со поглавар на ИВЗ
За прв пат Руски амбасадор на средба со поглавар на ИВЗ

За прв пат Руски амбасадор на средба со поглавар на ИВЗ

197
0

Амбасадорот на Руската федерација бил посета на Исламската верска заедница и имал средба со Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи. Олег Шчербак е првиот руски амбасадор, кој во независна Македонија бил во посета на седиштето на Ријасетот на ИВЗ и имал средба со еден поглавар на ИВЗ.

Од кабинетот на поглаварот Реџепи информираат дека амбасадорот Шчербак бил директно запознаен со тежината и улогата што ИВЗ ја има во општеството, како и запознаен со различните активностите во аспект на унапредување на исламскиот верски живот и постојаниот придонес што ова верска институција го дава во создавање услови за меѓуверски и меѓунационален соживот.

Реисот Реџепи и Амбасадорот Шчербак зборувале и за првната и општествената положба на верските заедници во Македонија.

Рускиот амбасадор се интересирал за ставот и проценките  на Поглаварот Реџепи околу радикализмот и тероризмот. По ова високиот гостин, како што информираат од ИВЗ, изразил интерес и за системот на школување-образование во Македонија.

Од ИВЗ велат дека Поглаварот Реџепи дал детално објаснување за прашањата што го интересирале рускиот дипломат, а Шчербак бил многу задоволен од многу искрените ставови и елаборацијата за овие прашања од страна на Поглаварот Реџепи.

На крај двете страни изразиле заеднички интерес за интензивирање на меѓусебната соработка.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *