Почетна Вести Секој четврти брак завршува со развод
Секој четврти брак завршува со развод

Секој четврти брак завршува со развод

120
0

RazvodИако и бројот на склучени бракови во државава е значителен пораст во споредба со лани, загрижува огромниот број на разводи.

Во првите три месеци од годинава биле склучени 2.760 бракови, што е за 12,1 отсто повеќе во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Од почетокот на годинава до крајот на март се евидентирани и 664 разводи, што е зголемување од 20,5 проценти во споредба со првиот квартал од 2015 година.

Анализата покажува дека секој четврти брак завршува со развод.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *