Почетна Вести Почна мајскиот Собор на СПЦ
Почна мајскиот Собор на СПЦ

Почна мајскиот Собор на СПЦ

192
0

spc sobor 2Српските архиереи во полн состав денеска во Патријаршијата во Белград го почнуваат работниот дел на мајскиот Собор на СПЦ. Покрај редовните прашања од внатрешниот живот на СПЦ, на дневен ред се и серија прашања кои што изминатиов период ја тресеа српската православна црква, а меѓу нив се и најавите за смена и избор на нови владици.

Иако официјалниот дневен ред засега е непознат, сепак според досегашната практика, Соборот на СПЦ ќе трае неколку денови.

Вообичаено на крајот од работниот ден портпаролот на СПЦ, Иринеј Буловиќ право пресек на донесените одлуки во тој ден.

Меѓу одлуките кои СПЦ ќе ги донесе на овој Собор формирањето на делегацијата на СПЦ која ќе учествува на Сеправославниот собор на Крит во јуни оваа година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *