Почетна Вести ИВЗ против ИВЗ
ИВЗ против ИВЗ

ИВЗ против ИВЗ

286
0

Две дијаметрално спротивни позиции на ривалите во Исламската Верска Заедница во Србија за неодамнешниот предлог на министерот за образование на Србија, Срѓан Вербиќ да се редуцира или да се укине веронауката во српските училишта.

Санџачкиот огранок на ИВЗ на Србија, предводен од Мелвуд Дудиќ и каде главен збор има Муфтијата Муамер Зукорлиќ, го подража предлогот на Министерот Вербиќ со образложение дека верската настава лошо влијаела на формирањето на младите.

Исламската верска заедница пак, на чело со Реисот Адем Зилкиќ жестоко се спротиставува на оваа идеја, а Зукорлиќ го обвинува за лични интереси.

Мешикатот од Санџак, кој смета дека веронауката во Србија треба да се укине, оценува оти таа се претворила во сосема спротивно од она што требало да биде и не е во улога на целта за која е водена во школите. Сметаат дека Српската православна Црква го злоупотребила влијанието врз државните институции и училиштата со цел да воспостави монопол во реализацијата на веронауката.

-Дополнителното инсистирање на реализација на веронуката во училиштата на овој начин, неминовно води кон натрупување на негативна енергија која лошо ќе влијае на моралното и културно формирање на младите генерации, што пак во иднина може да има тешки и далекусежни последици на квалитетот на поедините и општествените односи во Србија, велат противниците на Веронуката во ИВЗ на Србија.

Од друга страна пак Реисот на ИВЗ на Србија, Адем Зилкиќ остро се спротставува на идејата за укинување на веронауката, критувајќи го однесувањето на Зукорлиќ, потенцирајќи дека тој ја омаловажува легалната ИВЗ на Србија за лични интереси.

-Токму Зукорлиќ повеќе од 20 години е главниот извор на поделба меѓу муслиманите, кој шири говор на омраза и нетолеранција. Тој ја злоупотребува ИВЗ за лични политички интереси. Му пречи СПЦ, која со својот капацитет е единствена која може да делува на оние фактори, кои не ја сакаат веронуката во школите. Нему тој факт му пречи, бидејќи степенот на доверба меѓу верските заедници е на највисоко ниво, што пак е уште една причина да се бориме и да ја одбраниме веронауката од сите оние кои живеат во својот свет, не приметувајќи ја својата минливост и ништовност, стои во реакцијата на ИВЗ на Србија.

Против предлогот на министерот за образование застанаа сите верски заедници во Србија. СПЦ издаде соопштение на кое се потпишани белградскиот надбискуп и митрополит Станислав Хочевар, реисот на ИВЗ во Србија, Адем Зилкиќ, бискупот на Словачката еванелистичка црква, Самуел Врбовски, Габор Долински од Евангеслко-христијанската црква, Бискупот на реформаторската христијанска црква, Бела Халас и врховниот рабин на Еврејската заедница на Србија, Исак Асиел.

Веронауката во Србија е воведена пред 15 години.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *