Почетна Вести Македонија ќе ги добие украдените икони од Албанија
Македонија ќе ги добие украдените икони од Албанија

Македонија ќе ги добие украдените икони од Албанија

461
0

Македонија покрена постапка за враќање на 20 икони со непроценлива вредност од Албанија. Основното јавно обвинителство согласно Европската конвенција за меѓусебна правна помош и Законот за меѓународна соработка во кривична материја преку Министерство за правда, до надлежниот суд во Тирана поднело официјално барање за враќање на овие икони, кои по разни канали пристигнале во Албанија.

Во полициската акција „Икона“, што во 2013 година ја спроведе албанската полиција беа заплети голем број на икони и црковни предмети.

Во декември истата година, на средбата помеѓу албанската и македонската полиција беше потврдено дека 20 од запленетите икони не потекнуваат од Албанија и дека постои можност истите да се одземени од цркви и манастири лоцирани во западниот дел на Република Македонија, со оглед на тоа што членовите на криминалната група вршеле криминални активности и на територијата на нашата држава.

Експерти од Македонија, извршија увид во запленетите икони и подготвија стручен наод и мислење во кој беше утврдено дека 20- те икони, потекнуваат од цркви и манастири од западниот дел на државата, кои годините пред тоа беа мета на крадци. Експертизата тогаш утврди и декасите икони се оригинални.

На почетокот на 2014 година, обвинители од Македонија и од Албанија разменија информации за утврдените материјални докази. Потоа прибрани докази во текот на истрагата, обвинителот од Тирана ги приложи кон поднесениот обвинителен акт до надлежниот суд во Тирана и есента минатата година беше донесена правосилна осудителна пресуда.

Овој случај беше познат во македонскат јавност. Колекционерот, Ѓерг Тимио од Корча, кај кого беа пронајдени најголем бој икони, тврдеше дека е намстен и дека полицијата без записник му одзела повеќе од 3000 икони од наводно негова приватна колекција.

Албанската полиција во акцијата „Икона“ заплени 1077 икони, артефакти, и други религиски предмети кои потекнуваа од средниот век.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *