Почетна Вести Хулигани демолираа Митрополија

Хулигани демолираа Митрополија

774
1

Маскирани хулигани ја демолирале зградата на Солунската митрополија на Грчката православна црква, објави грчкиот портал, „ортодоксија.инфо“.

Инцидентот се случил утрово околу 10 часот, кога маскирани хулигани влегле во зградата на Митрополијата, сместена во центарот на Солун и со црвена боја ги оштетиле просториите, инвентарот и документацијата.

Според информациите на порталот, во нападот учествувале најмалку шест лица. Во инцидентот нема повредени, бидејќи Митрополитот Антимус и неговите соработниуци не биле во зградата.

Во телефонски разговор за „ортодоксија.инфо“, Митрополитот Антумус изразил голема загриженост од нападот.

По полицискиот увид, надлежните трагаат по маскираните напаѓачи.

Погледнете ја галеријата.

Коментар(1)

  1. Долго време се прашував кој го уредува сајтов, но штом видов како е извршена транскрипција на името на Солунскиот Митрополит Антим, ми стана јасно, тој новинар истото го повторува и во секое негово известување или допис. Ако Антим биде Антимус, тогаш Стефан ќе биде Стефанос или Петар – Петрос, затоа што и тие се грчки имиња. Затоа или на сите имиња ќе вршиме транскрипција или на никое. Но веќе сите православни имиња од грчко потекло си имаат своја форма на македонски јазик. Така да Антимус е АНТИМ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *