Почетна Вести Путин му подари цвеќе на Рускиот патријарх

Путин му подари цвеќе на Рускиот патријарх

283
0

Рускиот претстедател, Владимир Путин вчера лично, на Рускиот патријарх, му ја честитал седумдишнината од неговиот избор за Патријарх на Руската православна црква. Путин бил гостин на Кирил во патријаршиската резиденција во Москва.

Рускиот претседател, честитајќи му ја годишнината, му подарил цвеќе, посочувајќи дека овој ден го смета и како роденден, важен ден за луѓето посветени на Бога.

Рускиот претседател му се заблагодарил на Патријархот за развојот на Руската православна црква што го прави, а на тој начин јакнејќи го единството на рускиот народ и руското општетство.

Кирил пак изразил задоволство од непречениот дијалог што Руската црква го има со Руската држава, на сите полиња.

Рускиот патријарх не пропуштил да му пренесе на Путин, дека токму поради позициите на Руската православна црква, на неодамнешниата средба меѓу поглаварите на Православната црква, биле донесени важни одлуки за единството на Православната црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *