Почетна Вести Монахињи главни во новото реално шоу
Монахињи главни во новото реално шоу

Монахињи главни во новото реално шоу

340
0

„Сакам да бидам калугерка“ е името на новото реално шоу, што наскоро ќе почне да се емитува на шпанската телевизија во кое со камери ќе се следат сите кандидатки кои го почуствувале повикот за религиозен живот.

Станува збор за сосема нов концепт и амбиент за едно реално шоу. Продуцентите сакаат да го престават посветениот живот на Бог, преку еден за нив сосема непзнат телевизиски концепт.

Идејата е да се набљудуваат кандидатките кои го почувствувале повикот за религиски живот и влегле како искушенички во неколку манастири и монашки редови. Се запознаваат со мисијата на монашките редови во кои влегле, од работа со деца без родители, преку затворен живот, па се до мисија во боливиските џунгли.

На крај, кандидатките ќе одлучат дали остануваат во монашкиот ред, или нивниот повик бил неватентичен.

Шпанските медиуми пренесуваат изјави од една од портпаролките на еден од манастирите дека искуството од снимањето било многу позитивно, но дека не може да открива повеќе детали, поради договорот со продуцентите.

Продуцентите пак, велат дека идејата е да им се помогне на манастирите во кои доаѓаат се помалку Калуѓерки, а воедно и на младите да им го доближи животот во манастирите  и неговото духовно богатство.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *