Почетна Вести Европа Папата Франциск: Ципрас ја заслужува Нобеловата награда за мир
Папата Франциск: Ципрас ја заслужува Нобеловата награда за мир

Папата Франциск: Ципрас ја заслужува Нобеловата награда за мир

311
0

Папата Франциск пред новинарите кои ги води на своите патувања изјавил дека грчкиот премиер Алексис Ципрас ја залужува Нобеловата награда за мир.

Поглаварот на Католичката црква и претседател на Ватикан ова го истакна во изјавата за Католичката новинска агенција дадено во службениот авион со кој се враќал вчера во Рим по посетата на Рабат, Мароко, а во контекст на емигрантите и бегалците од воените жаришта.

“Зборував еднаш со еден политичар, човек што го почитувам и го кажувам неговото име: Алексис Ципрас. Зборувајќи за договорите што го прават државите за емигрантите, тој ми ги објасни тешкотиите, но на крајот ми зборуваше од длабочината на срцето и ми ја рече оваа фраза: “Човековите права се пред договорите”. Оваа фраза е вредна за Нобеловата награда “, рече Франциск.

Грчките медиуми оваа изјава ја протолкуваа како поддршка од Папата за Ципрас за добивање на Нобеловата награда за мир, во која веќе е номиниран заедно со македонскиот премиер Зоран Заев по постигнувањето на Преспанскиот договор..

/faktor.mk

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *