Почетна Вести Руската црква усвои молитва за покајание по извршен абортус
Руската црква усвои молитва за покајание по извршен абортус

Руската црква усвои молитва за покајание по извршен абортус

587
0

Оние кои извршиле абортус ќе можат да се покајат за сторениот грев. Руската православна црква одобри текст на покајничка молитва за сторен абортус. Архиереите на РПЦ оваа одлука ја донеле на Синодската седница на крајот од оваа година.

sinod-ruskaМолитвата има за цел да овозможи простување на гревот и покајание за смртта на децата при абортус, пишува во образложението на одликата на Синодот на Руската Православна Црква.

-На твоја дарежливост и на Твојата милост се надеваме и со солзи молииме: благоутробне и всемилостиви Господи, прости и помилуј нас кои се повлековме од Твојата љубов, евангелскиот закон го отфрливме, со страстите ослепивме ум и деца во безумство убивме, стои во молитвата.

Таа завршува со повикот:

-О, многумилостив и долготрпелив Господи! По молитвите на Пречистата Твоја Мајка, нашата Владичица Богородица и Приснодева, Којашто Марија и сите светии и најмногу по посредување на светите младенци маченици во Витлеем, убиени од Ирод, дај ни време за покајание, та по Твоите заповеди да поживееме и да се ослободиме од идните вечни маки и со блага надеж и вистинска доверба кон тамошниот мир да појдеме.

Целиот текст на молитвата погледнете го во продолжение.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *