Почетна Вести НОВИ ИСКРИ ВО ПРАВОСЛАВИЕТО: Украина е канонска територија на Вселенската Патријаршија
НОВИ ИСКРИ ВО ПРАВОСЛАВИЕТО: Украина е канонска територија на Вселенската Патријаршија

НОВИ ИСКРИ ВО ПРАВОСЛАВИЕТО: Украина е канонска територија на Вселенската Патријаршија

754
0

Архиепископот на Телмис г. Јов, кој се најде во Киев како претставник на Вселенската патријаршија по повод празнувањата на крштението на Русите, даде интервју за украинска новинска агенција.

Говорејќи за Светиот и Велик Собор, г. Јов истакна дека тој се заврши успешно, додека, пак, текстовите се потпишаа со минимални измени.

Mit Jov“Тажно е што отсуствуваа четири Цркви, кои откажаа во последен момент. Нормално, не го очекувавме тоа. За жал, ја донесоа таа одлука и сега ќе ја сносат одговорноста, бидејќи Соборот се одржа според предвиденото,” потцрта Архиепископот на Телмис.

Исто така, г. Јов, прашан за автокефалијата, истакна дека “во Православниот свет само Вселенската патријаршија има право да доделува автокефалија, како од историски, така и од канонски причини.”

“Цариград отсекогаш верувал дека Украина е канонска територија на Вселенската патријаршија. Да не забораваме дека полската држава во 1924 година поднесе барање до Цариград за доделување на автокефалија, што беше барање за политичко решение,” додаде г. Јов.

Во продолжение додаде: “Полска прибегна кон Цариград за да реши политички проблеми. Полската црква се сметаше за поранешен дел на Киевската митрополија, секако со противканонски акт, бидејќи таа се наоѓаше под послушание на Мајката Црква.”

“Така, во 1924 Цариград додели автокефалија на Полска; зошто да не го направи тоа и во Киев? Ако беше можно во 1924, тогаш колку повеќе денес?” – рече Архиепископот.

На друго место г. Јов истакна: “Вселенскиот патријарх многупати има изјавено дека Цариград е Мајка Црква на Украина. Истиот има потенцирано дека тој е духовен отец на Украина. Затоа и постојано ја следи и се загрижува за состојбата на Православната црква во Украина.

На прашањето зошто расколниците не се враќаат во трлото на Московската патријаршија, но и за тоа како такво нешто може да биде согласно со начелата на Црквата, Архиепископот наведе: “Отворете го Стариот Завет кај книгата Јов, каде во првата глава има еден разговор помеѓу Бога и ѓаволот. Ако може да бидне еден таков дијалог, тогаш зошто да е невозможно да се направи дијалог помеѓу Христијани?”

Завршувајќи, Архиепископот на Телмис стави крај на шпекулациите дека Вселенската патријаршија ќе постави Егзарх за Украина, потенцирајќи дека првпат слуша такво нешто и дека најважно е решавањето на проблемот.

/РОМФЕА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *