Почетна Анализа На пат до Цариград – обид за решавање на уште еден спор
На пат до Цариград – обид за решавање на уште еден спор

На пат до Цариград – обид за решавање на уште еден спор

505
38

Средбата на Оливер Спасовски и Зоран Заев со Вселенскиот патријарх предизвика внимание во медиумите во Србија, пишува Дојче веле.

Голем интерес во јавноста предизвика вчерашната средба на премиерот Спасовски и лидерот на СДСМ со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето на Цариградската Патријаршија во Истанбул. Како што беше соопштено, средбата се остварила на покана на Вселенскиот Патријарх упатена до Зоран Заев додека бил претседател на Владата.

Не може многу да се дознае од кусото соопштение, во кое само кусо се наведува дека Спасовски и Заев на Вселенскиот Патријарх му го честитале празникот Христовото раѓање – Божик, со желби за здравје и сила, во мир и спокој да продолжи, како прв меѓу еднаквите во Православната црква, да ги обединува сите сестрински цркви. И двајцата упатиле покана до Патријархот Вартоломеј да ја посети нашата држава.

„Во срдечниот разговор беше изразена надеж дека и оваа година Патријархот Вартоломеј, во духот на толеранцијата и разбирањето, ќе продолжи да поттикнува дијалог за изнаоѓање решенија за сите прашања со кои се соочува православниот свет и верниците“, се вели во соопштението.

Од Светиот синод на МПЦ-ОА не се достапни за став околу значењето на оваа средба, која сите ја поврзуваат со посакуваниот статус на МПЦ-ОА. Но, упатени во оваа проблематика за ДВ кусо велат дека „работата е тргната во добра насока“.

Отповикување на томосот од 1922 година

Средбата во Истанбул веќе предизвика внимание во медиумите во соседна Србија. Додека дел само ја пренесуваат веста за средбата на Спасовски и Заев со Вселенскиот патријарх, други го вклучуваат „алармот”.

„Вселенската патријаршија прифаќајќи да го разгледувапрашањето на МПЦ-ОА, започнува отповикување или ревизија на својот томос за СПЦ од 1922 година“, оценуваат дел од медиумите, потсетувајќи дека „токму на темелот на тој томос, СПЦ полага право и на Црна Гора, како своја канонска територија”.

Во некои анализи, се посочува дека „за значењето на средбата зборува фактот дека на неа приуствувале најблиските соработници на Вартоломеј: митрополитите Емануил галски, Максим силивријски и Амфилохије адријанополски“.

Некои, пак, ова го доведуваат во врска со претходни напори на американската дипломатија.

„Пораката на американскиот амбасадор во Ватикан до српските епископи во 2007 година била дека дека српското црковно прашање во Македонија за Америка не постои“. Ова за „Спутник“ го изјавил историчарот Александар Раковиќ, како сведок на настанот, а белешките што ги водел во текот на тие разговори ги преточил во неговата книга „Србите и религискиот интервенционизам“. Според историчарот, амбасадорот на САД во Ватикан, Томас Патрик Милејди, за време на посетата на Белград во 2007 година се сретнал со неколку српски епископи: архиепископот охридски Јован, тогашниот захумско-херцеговски владика Григориј, епископот липљански Teoдосиј, будимљанско-никшичкиот владика Јоаникиј и епископот австралиско- новозеландски, Иринеј. Според Раковиќ, американскиот амбасадор дошол во мисија во име на некои римокатолички структури од Ватикан, а не во име на САД, иако некои од пораките претставувале и јасен американски став.

„Ставот на амбасадорот дека Српската православна црква нема што да бара во Македонија, за СПЦ не беше прифатлив“, вели Раковиќ.

Дел од медиумите потсетуваат дека минатата година рускиот патријарх Кирил потенцирал оти Вселенската патријаршија може да го примени „украинското сценарио“ за признавање на автокефалноста и на МПЦ-ОА.

На маса прашањето за автокефалноста

Веста за средбата на македонската делегација со Вселенскиот патријарх со големо изненадување одекна во домашната јавност, која во моментов е преокупирана со две „неспоредни“ нешта: европското првенство во ракомет и меѓупартиските „натпревари“ во преодната влада.

Под епитетот „ексклузивно“ домашниот портал „Религија“ објави дека Вселенската патријаршија и официјално потврдила дека не се откажала од намерата да го решава прашањето за автокефалноста на МПЦ-ОА и покрај противењето на Српската и на Руската православна црква. Порталот се повикува на соопштение на Патријаршијата во кое известува за средбата на македонската делегација со Вселенскиот патријарх, посочувајќи дека главната тема на разговорите било токму прашањето за МПЦ-ОА.

„Во текот на разговорот беа ставени на тапет претходните фази на прашањето, помеѓу кои и желбата на тамошната Црква да се врати во каноничност, под името Охридска архиепископија, согласно своевремено поднесената молба за апелација (еклитон) од нејзина страна. Атмосферата на разговорот беше топла и искрена, а потоа високите гости седнаа на патријаршиската трпеза, по што си тргнаа за назад. Господинот премиер и тие со него ја изразија својата почит и доверба кон Мајката Црква, чиј благослов го добија за целиот тамошен клир и народ“, било соопштено од Вселенската Патријаршија.
Според порталот, Вселенскиот патријарх, посочил дека ќе ги покани претставници на СПЦ и на МПЦ во Истанбул за понатамошни консултации околу решавањето на црковниот спор.

Во домашната јавност нема сомнение дека се на повидок обиди за решавање на уште еден спор, овојпат црковен.

„На вчерашното прашање на ВМРО-ДПМНЕ „во кое својство бил Заев на средбата со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето на Цариградската Патријаршија во Истанбул?“, одговорот би можел да е релативно едноставен: бил во својство на политичар кој решава проблеми“, пишува пишува новинарот Сашо Орданоски во денешната колумна.

„Меѓу своите балкански колеги, Заев не е многу омилен политичар. Ја подигна „политичката летвичка“ на повисоко ниво. И оние кои го гушкаат, како и оние кои му се потсмеваат, го чувствуваат тој негов „општ притисок“ врз плеќи (…) Затоа не поставувајте глупави прашања од типот ’што бара Заев во Стамбол?’ Веројатно бара некаков начин да ’затвори’ уште некое отворено прашање за Македонија, околу коешто се изгубени десетлетија успешни политички кариери во неговото нерешавање“ пишува Орданоски.

Коментар(38)

  1. Надамо се да ће ова иницијатива довести до резултата. Требало је то решавати на релацији МПЦ -СПЦ , али добро. Главни противници аутокефалије за МПЦ у СПЦ су људи који важе за грчке људе. Па сад кад Грци више нису проблем моћи ће се ваљда нешто променити. Ако сте пажљиво читали чланак на сајту “Ромфеа.гр” видели сте да се МПЦ назива Скопљанска ” црква” и да постоји могућност да се дође до аутокефалности под именом Охридска архиепископија. Значи услови за МПЦ су били далеко повољнији у Нишком споразуму 2002.

  2. А ти Слободане , “ одакле” знаш за услове Нишког договора?( односно који су били услови); јеси ли ти лично видео и читао тај договор?

  3. На интернету се може наћи текст Нишког споразума на српском . Како ја могу читати македонски и да све разумем,верујем да би и би разумели Нишки споразум на српском.
    Штета је што је тај споразум пропао због тадашњег вашег председника који је био протестант ( методиста) и премијера који сад отворено признаје да је Бугарин. Да је тада заживео тај споразум МПЦ би већ одавно била аутокефална. Али надамо се да ће сад све ићи добрим путем

  4. Многу ти благодарам на одговорот;
    Ако можеш да го посочив тој web site, те молам.
    Но не разумем какво е влијанието на секуларната власт во решавањето на с”споразумот”? Колку што ми е познато во Ниш беа претставници на црковната власт од двете земји а не на секуларната?
    Објасни те молам .

  5. Само немој да правиш споредба со сегашните настани;
    Во смисла како може Заев и Спасовски да го посетат Вселенскиот во Цариград;
    Зборуваме за Ниш во кој беа присутни , како што јавноста беше информирана,(?) црковни власти од двете страни;

  6. Ја сам текст читао на сајту епархије новосадске и Бачке ,али најлакше је наћи на Викизворнику. Зове се ” нацрт споразума о васпостављању црквеног јединства. ”
    Иначе МПЦ у Нишу су представљали Митрополит Петар,Тимотеј и Наум ,а СПЦ Митрополит Амфилохије ,епископи нишки Иринеј (сада Патријарх) и новосадски и Бачки Иринеј.
    Потпуно се слажем са тобом да политичари треба да оставе људима из Цркве да се баве црквеним питањима.

  7. Слободане,
    Прво : ти благодарам на посочениот извор
    Второ: прости меѓутоа вториот дел од твојот одговор воопшто не кореспондира ниту со моето прашање а уште помалку со твојот исказ во твојот втор пост;
    Јас никаде не дадов исказ со констатација туку поставив прашање( недвосмислено).

    Извини те молам, меѓутоа таковиот стил на индицира на манипулаторска комуникација , која нема да ти ја премолчам доколку не се охрабриш со факти да ги потврдиш твоите искази во вториот пост каде посочуваш и асоцираше на конкретни личности од секуларната власт;
    Значи : факти , Слободане.
    Во спротивно оставаш простор да помислиме дека “шеташ” по веб страници и шириш дезинформации во обланда на загриженост, задолжително зачинети со брутална иронија кон МПЦ.

  8. Ја сам само један Православни Хришћанин који жели да се браћа и сестре из Македоније опет нађу у Једној Светој Саборној и Апостолској Цркви.
    Историјска је чињеница да су архијереји МПЦ 17 . марта 2002 потписали нацрт споразума о васпостављању црквеног јединства,а да су после повратка у Скопље повукли своје потписе. То су учинили због притиска председника и премијера. То је између осталог речено на седници комисије за промену устава СПЦ 2012,а повео је се разговор и о МПЦ . Ти разговори су тајно снимани и изашли су у јавност . ( Вероватно уз ” помоћ” неке тајне службе)

  9. Једна исправка
    Споразум је потписан 17 маја 2002, а не марта како сам ја написао

  10. Ако претпоставиме дека Слободан ја претставува страната на СПЦ (условно кажано , бидејќи располага со податоци од тамошни извори), сега е потребен уште толку добар експерт од другата страна(МПЦ), кој располага со информации и разговори кои ќе ги потврдат( или негираат , но со факти) разговорите кои тајно биле снимани и кои протекле во јавност.
    Се разбира не се исклучува можноста истите тие разговори навистина да се водени, да се снимани , но не тајно , туку свесно со намера, и да се пуштат во јавноста со цел да се обвини другата страна за непостигнување на “споразумот”.
    +
    Секој просечен граѓанин би си поставил 2 прашањања:
    1. Кој бил мотивот високите претставници на секуларната власт да извршат притисок на црковните власти?( при што едниот е методист но другиот се декларира за православен христијанин, при што една од агендите му е обиколка на манастирите)
    2. Зошто високите црковни претставници подлегнале на притисоците? Причина?

  11. Кој може да сними разговори на седница на највисоко раководство на црковна власт?
    Кој учествува на тие седници освен највисокото раководство?
    Толку ли е на ниско ниво безбедноста на седниците на највисоко раководство?
    Чудно што од МПЦ досега не протече некоја информација од седниците на највисокото раководство?
    Чат -пат ќе се огласи портпаролот задолжително со дипломатска реторика и обичен народ само ќе сфати дека денес имало седница на која се разговарало за многу важна тема; и тоа е се народе!

  12. Први уређаји за прислушкивање који су дошли у Југославију уграђени су у зграду Патријаршије у Београду.
    А пре месец дана је на ЈУ ТЈУВУ освануо аудио снимак седнице наставничког већа Богословског факултета у Београду. На седници је био и Патријарх и пет најутицајнијих владика,па је било занимљиво било слушати како расправљају.

    1. Ова е многу чудно од толку значајни објекти (во ЈУ ) за безбедноста на државата пред се, првите уреди да бидат поставени баш во зградата на Патријаршијата;
      Не дека не била значајна но имало сигурно поголеми приоритети:Влада, Парламент , Министерства, и тако даље …

  13. Па ете не е секогаш добро да си многу напред во технологијата!
    Заостанатоста во МПЦво однос на СПЦ се покажува како предност!
    Како тоа ништо не протекува од тие седници во МПЦ? Да не имаат некој заштитен систем?

    + И шта су приќали ови ваши😀?

  14. Знам како,подела из СА Сабора је пренета и на ПВ факултет у Београду. Један табор чини Епископ новосадски и бачки Иринеј и Митрополит загребачки Порфирије ,а други табор чине епископ франфуртски и целе НемачкеГригорије Митрополит црногорски Амфилохије. Први табор држи Синод под собом па су сменили Епископа Максима са професорског места јер је део Григоријевог клана.
    Уз то да кажем да је Иринеј Буловић епископ новосадски и бачки био највећи грчки лобиста и због тога највећи противник МПЦ . Сад се предтавља за русофила ,али са њим се никада не зна. Иначе епископ Григорије и Митрополит Амфилохије имају слуха за ваше питање и мислим да они ће вам изаћи у сусрет. Јер Григорије, Амфилохије и Иринеј Буловића су чланови комисије за разговор са МПЦ . То је саборска одлука од прошле године.
    То је укратко 🙂

    1. Да сакаа , како што ти велиш , да ни излезат во пресрет, досега имаа илјада можности;
      Тоа излегување “у сусрет” трае од 1967 година до денес! Околу 52 ,53 години;
      Единствено најмногу “ у сусрет” излегол Патријархот Викентие(вечна му слава, тој секогаш е во моите молитви);
      +
      Кој е проблемот конкретно? Што сака СПЦ од македонскиот народ?
      Зад секој спор се крие интерес!
      Па кој е тогаш интересот на тие што 53 години не сакат да ни излезат “у сусрет”?

  15. Ствар је проста. Не може се једнострано прогласити аутокефалност.
    Да је МПЦ остала у статусу аутономне Цркве ( какав је био од 1959-1967) вероватно би 1991. добила аутокефалност.

    Друга не мање важна ствар је Грчки фактор. Грци никада ни под каквим условима нису хтели да чују за неку Цркву која би у свом називу имала реч Македонија . Никоме у СПЦ није пало на памет да се замера Грцима. Због тога то није до сад решено. И сад после овог састанка у Истанбулу на сајту ” Ромфеа.гр” пише ” Скопљанска црква” .
    Ја сам велики противник јереси етнофилетизма и мислим да националне префиксе треба избацити из назива помесних православних цркава. Шта фали да се наша помесна Црква зове Пећка Патријаршија,а ваша Охридска архиепископија ,како су се звале вековима.
    За национални идентитет аутокефалност није битна. Срби су своје национално буђење дочекали под шест црквених јурисдикција. Па Грци данас имају четири помесне Цркве.
    Етнофилетизам је опасна јерес и полако разједа Цркву. А све помесне Цркве су упале у етнофилетизам.

  16. Потполно се согласувам со тебе дека етнофилетизмот не води никаде и дека претставува нуклеарна бомба во животот на црквата со долгорочни последици, а ние Македонците сме одличен пример имајќи во предвид се што имаме претрпено од кралството на СХС па до денес!
    Затоа не би го коментирала првиот пасус од последниот пост;
    Бидејќи со повеќе од добро информиран , ме интересира , какви се твоите податоци во врска со причините за “инсталацијата таканаречена Вранишковски” во Нижеполе?

  17. И уште во врска со “автономијата” која МПЦ ја уживала од 1959-1967:
    Во мај 1962 тогашниот Руски Патријарх од.Алексеј одлучува да ја посети СПЦ ;тој изјавил желба да ја посети и Македонската православна црква , посебно градот Охрид, почитувајќи ја спогодбата меѓу МПЦ и СПЦ од 1959 со која патријархот на СПЦ Герман е патријарх и на МПЦ;
    Но патријархот Герман одговорил негативно на желбата на рускиот патријарх;
    тогаш рускиот патријарх изјавува: доколку патријархот Герман од било кои причини е спречен и не може да допатува во Охрид, тогаш тој од Москва директно ќе слета во Охрид на празникот на Св.Кирил и Методиј, ќе богослужи во еден од храмовите во Охрид, па потоа од Охрид ќе допатува во Белград.
    Тогаш патријархот Герман се “предомислува”, бидејќи ако рускиот патријарх Алексеј директно слета на охридскиот аеродром, поголема важност и дава на МПЦ отколку на СПЦ и прифаќа да дојде во Охрид.
    На 22.05.1962 рускиот патријарх Алексиј е во посета на МПЦ.
    На 24.051962 во црквата Света Богородица Каменско во Охрид, рускиот патријарх Алексиј, српскиот патријарх Герман и архиепископот Охридски и митрополит Македонски Доситеј , служат Свечена архиерејска литургија.
    Тоа било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари и владици од други афтокефални цркви.
    Во аналите на МПЦ стои дека во тек на таа посета архиепископот Никодим ( од руската делегација) рекол:
    Ние сме длабоко благодарни на Охридската архиепископија и стариот древен Охрид од каде доаѓаат првите словенски книги на кои се учевме на словенската писменост!
    ++++
    Па Слободане , стигнавме до една многу важна точка и време е за прашање:
    Искреното признание за потеклото на словенската писменост ли е тоа што и смета на СПЦ?

  18. Велика је грешка што је се стварала паралелна јерархија. То само компликује решење проблема.
    Сад ће Грци прво инсистирати да се уједине ПОА и МПЦ О А

    1. А ко је направио ту грешку ?
      Слободане немој постојано да си ги
      “ миете рацете” со Грците!
      Гајле им е на нив за Вранишковски!
      Грците ли се трудеа да го ослободат од финансиските дубари во кои беше западнал?
      Тој си е проблем на тој што го создаде!
      Сега да му дадете епархија во Србија!

  19. И уште за автономијата:
    Во 1965 г. во средба помеѓу архиепископот Доситеј и патријархот Герман, патријархот му става на знаење на архиепископот дека епископите не се согласуваат тој да се нарекува патријарх на МПЦ туку само Српски патријарх;
    Во оваа точка веќе се повредува спогодбата од 1959година;
    И тогаш , во СФРЈ ли беа проблем Грците?
    На средбата биле присутни епископи од двете страни, ( да не набројувам) при што СПЦ укажува дека погрешиле со одлуката од 1959годона;
    И тоа е “автономијата” која ја спомнуваш која во 1991 ќе не одвела до афтокефалност?!

  20. На седницата од 26 мај 1966 година, под АС, бр. 26/зап. 73, Сиборот на СПЦ донесува крајно неповолна одлука со која е направен обид ДА СЕ РЕВИДИРА Одлуката од 24 јуни 1959 година.
    Архиерејскиот собор на СПЦ со оваа одлука се обидел работите да ги врати назад и МПЦ да ја стави под јурисдикција на СПЦ, наспроти Одлуката на Архиерејскиот собор на СПЦ од 1959година , сега во 1966 година е направен обид да Синодот и Соборот на МПЦ да станат зависни од Архиерејскиот Собор на СПЦ.
    Затоа барале измени и дополни на Уставот на МПЦ ништо да не може да се прави во МК без согласност на Светиот архиерејски собор на СПЦ.
    Тоа значело повторно наметнување на јурисдикција на СПЦ над МПЦ , после цели 8 години слободен самостоен живот на Македонската православна црква.
    И…, пак ли ќе ги миеме рацете со Грците?
    +
    Целиот пат на МПЦ до денешни денови е поплочен со крв(духовна) и солзи, со маки и скорби;
    Некој некаде го изгубил значењето на зборот ЉУБОВ!
    ….ако љубов немаш – ништо не си.
    БОГ Е ЉУБОВ💕💕💕💕💕💕💕💕💕💕

  21. Свако у Србији ко и мало познаје историју Цркве не може имати ништа против Охридске архиепископије. Ми смо из ње научили шта је Православље.
    Био је проблема између СПЦ и МПЦ од 1959-1967 јер није било поверења. Безбожна и бољшевичка власт је стајала иза МПЦ ,а то је одмах изазивало резерву међу јерархијом СПЦ. Знате ли ви да је Патријарх Викентије Проданов отрован од стране УДБЕ ,јер није био флексибилан по питању МПЦ. Избор Германа за Патријарха је дело УДБЕ,јер су мислили да ће бити попустљив . И био је док није тражена аутокефалност.
    Када причамо о том периоду не можемо искључити тај политички фактор. Па сетимо се да је агент УДБЕ Кирил Поповски изабран за владику против свих канона. Занимљиво је да су он и Агатангел једини у синоду МПЦ који су гласали против Нишког споразума 2002.

  22. Но види Слободане и покрај се, ние и понатаму ве сакаме, и ќе ве сакаме;
    Сме се молеле за вас , се молиме и ќе продожиме да се молиме.
    Можете да ни земете се , и автономија и афтоќефалија, и манастири, и да ни инсталирате уште 1000 Вранишковци, но едно не можете да ни земете: ЉУБОВТА!
    Не можете да ни забраните да сакаме.
    Не можете во Соборот на СПЦ да донесете Одлука бр. тој и тој со која ќе му забраните на македонскиот народ да сака.
    Превод:
    Сака , на српски значи : да воли.
    А да сакаш значи , на тој што го сакаш да му дадеш потполна слобода, како што Бог нам ни ја даде таа слобода.
    Без љубов нема црква( вистинска).

    1. Леонтина, ако вака ја разбираме љубовта во Црквата тогаш во најдобар случај исповедаме само New age Православие.

  23. Слажем се ја са тобом.
    Мислим да је по среди целе ове приче етнофилетизам. И са једне и са друге стране.
    Молимо се Богу да дођу до памети и да реше то питање. Јер за мене је бесмислено да толико људи буде ван Једне Свете Саборне и Апостолске Цркве само због тога што некоме смета како се зове помесна Црква. И да ли неко носи белу камилавку и где се вари свето Миро.
    То је за мене и моје схватање вере Православне незамисливо

  24. Кон последниот коментар и на сличните по дух погоре – New age Православие.

  25. Опет криво!
    Прво колку што знам “свако у Србији” се гордее со Светосавље;
    А такви што признаваат дека учеле од Охрид за православие се ти и можеби уште 2-3 , па нека се и 10.

    Патријархот Викентије е тој кој имал разбирање за Македонците додека патријархот Герман го немал; дадов примери 2 погоре : при посетата на рускиот патријарх Алексиј одбил да доаѓа во Македонија бидејќи не можел да поднесе да рускиот патријарх служи со македонскиот архиепископ.
    И уште еден пример , во време на патријархот Герман , се донесува одлуката за ревидирање на одлуката од 1959;
    Што повеќе?
    Има податоци кои ја потврдуваат наклонетоста на патријархот Викентије кон Македонците , но навистина сега не можам да одам во детали како што тоа го направив погоре;

    Таа безбожна и болшевичка власт која стоела зад МПЦ се вика Комисија за верски односи во СФРЈ и која многу помогнала на МПЦ и ја притискала СПЦ да и даде поголема слобода на црквата во Македонија!
    Што му сметало на тогашниот клир во Србија а?
    Што монархијата паѓа и нема да може да има влијание и да ги ужива благодатите кои ги уживал во време на кралот?!
    Со создавањето на нова држава српскиот клир требало да биде пофлексибилен и адаптибилен.
    Не е повеќе кралство СХС туку е СФРЈ во која веќе фигурира Народна Република Македонија .
    Сметам дека понатаму е доволно јасно.

    +
    Како божем во СПЦ сите се истомисленици
    па во МПЦ некој не гласал за Нишкиот!
    Ем го потенцираш Нишкиот ем си ги миете рацете со Грците?!
    Сигурно знаел дека како и да гласа за Нишкиот проблем пак ќе прават Грците;

  26. Aj во 2-3 реченици објасни ми го етнофилетизмот од страна на МПЦ?

  27. Треба прочитати само текст сестре наше Радмиле у коме каже да је аутокефалност МПЦ потврда националне самобитности Македонског народа ,па да се види етнофилетизам.
    Само инсистирање на имену МПЦ је чист етнофилетизам. Исто мислим и за СПЦ да будем искрен.
    У Цркви нема ” ни Јудеја ни Јелина него смо сви једно у Христу”

  28. Во секој организам се појавуваат различни болести;
    Болеста може да нападне различни органи и ткива.
    Меѓутоа некои органи се витални некои не.
    Битно е главата да здрава односно софтверот да функционира добро;
    За среќа во , еве ќе речам Охридската архиепископија ( не МПЦ) софтверот е на задоволително ниво.
    Да , се случува понекој дел од организмот да го зафати болест, некогаш грип, некогаш може да се падне да се повреди колено, и слично.
    Но има органи без кои се може и не се од витално значење за организмот на црквата😉,
    па нивната послаба функционалност или дисфункционалност нема некое посебно значење на главниот правец во кој се движи целиот организам.
    Многу поопасно е ако софтверот на црквата е дисфункционален и тогаш не само што нанесува штета во сопствените редови туку и го заразува соседството;
    исто како грип.
    +
    Тако је!
    Сви само једно, пиеме од една чаша!
    +
    И то : љубав на папиру звучи добро али је у пракси мало другачије.

  29. Исто мислим и о стању у СПЦ.
    Тај назив наше помесне Цркве из 1929 је чист етнофилетизам. Друга опасна етнофилетистичка замка је тзв. Светосавље за које би лично Свети Сава рекао да је етнофилетизам.
    Он није био никакав сепаратиста како га они представљају него је био човек Цркве . О етнофилетизму у Румунији, Бугарској,Русији,па и Грчкој мислим исто.

  30. 1. Што не поднесете иницијатива да го промените името од СПЦ во Печка патријаршија?
    2. Кога доаѓаш во Македонија, одиш на литургија во Нижеполе или во Соборниот храм Св Климент Охридски;
    (Имам многу пријатели срби кои одат во Св Климент Охридски на литургија )

    Во Македонија… таму кај што златно Сонце грее таму е Македонија…
    ……
    Македонија ти нуди љубов и се…
    Гледаш дури и Дадо Топиќ уште во екс Ју забележал дека во Македонија нема етнофилетизам.

  31. По предлогу новог устава СПЦ уводи се вековно име Пећка Патријаршија. Верујем да ће на следећем СА Сабору то бити усвојено.
    Кроз Македонију сам само пролазио на путу за Грчку,а имам жељу да дођем у Охрид и посетим Храм Свете Софије. Није ми битно под чијом је јутиздикцијом.
    И ја волим ту песму Дада Топића

  32. Едно е посета , а друго е присуство на литургија.
    И претставници од други религии ја посетуваат Света Софија, во својство на туристи.
    Критики за етнофилетизам ама не би присуствувал на литургија во црква на Охридска архиепископија.
    Не би присуствувал ниту во Нижеполе ни ти ниту пак некој друг од Србија;
    Чудно СПЦ цело време врши пропаганда во христијанскиот свет за “големината на ПОА во Македонија, ама српскиот народ не му оди на литургии;
    +
    Постои и друга можност да воопшто не одиш на литургии ама се занимаваш како експерт по црковни прашања како на пример наша Радмила или ваш Раковиќ;

    Што воцрковен човек навистина не може да прифати некој да ти збори за свети работи како што е варење на миро а не оди на помазание!?

  33. Наравно да би ишао на литургију у Свету Софију.
    Једно време сам живео у Италији. И у том граду су само Румуни од Првославних имали цркву. Сваке недеље сам ишао на службу и осећао сам се као и да сам у некој цркви у Србији. И ако је језик други и за мене неразумљив осећала је се моћ литургије.
    Тако да немам тај проблем.

  34. Александар,
    Види незнам од каде “ влета” ти во средина на разговор;
    Со твоите коментари даваш впечаток на “линиски судија”;
    А не мислам дека таков е неопходен;
    Значи , влези во комуникација “expres yourself “ па тогаш да разговараме.
    Но еве ќе ти кажам која е мојата основа на коментарите кои во кои ти се јавуваш како “линиски судија”.
    Ако си чул за Нов Завет, Евангелие по Матеј 5(44) Господ Исус вака не учи:
    А јас пак ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние кои ве навредуваат и гонат,
    45
    За да бидете синови на вашиот Отец кој е на небесата….
    Натаму прочитај си заклучно со 48;
    +
    Е сега што е тоа што те буни?
    Требаше ли да му цитирам на соговирникот , Слободане извини ама ни ќе постапуваме согласно Евангелие по Матеј 5(44-48) или подобро е врз основа на евангелието да се изразам: ние ве сакаме и ќе ве сакаме и покрај се!
    Што не е јасно!?
    +
    А мене не ми е јасно како коментарите на. Александар се појавуваат после неколку дена како да ги пуштил на 17.01;
    Сигурна сум дека тогаш кога се водеше комуникацијата овие коментари ги немаше;
    Редакција?
    +
    А да и уште најди си го посланието до Коринтјаните, и прочитај за љубовта Александар!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *