Почетна Коментар Морално банкротираната црква на папата
Морално банкротираната црква на папата

Морално банкротираната црква на папата

134
0

Мојата прва посета на Бостон беше во 2002. година, кратко откако се обелоденија злоупотребите во католичката црква во САД и тоа дека со години биле заташкувани. Бев млад практикант пратен од информативната редакција во Мајнц во студиото на Втората германска програма, ЗДФ, во Њујорк. Домашното студио се наоѓа во близина на градот Мајнц, на Лерхенберг налик на средновековен манастир: се издига високо, добро е видливо, едноставно импозантно. Ги привлекува луѓето на работа исто како што во среден век правеле манастирите. Мајнц е место населено со католици. Не можев да си замислам дека некогаш ќе треба да известувам за безброј злоупотреби на деца од страна на католички свештени лица. Сè до моето доаѓање во Бостон тоа беше апсолутно нереално. Таму пак, разговарав меѓу другото со Мичел Гарабедијан, адвокатот на жртвите, кој сталожено и со факти ми ги објасни нештата.

Ужаснување на сите континенти

Скандалот во Бостон се овековечи во филмот „Спотлајт” од 2015. година. И Мичел е претставен во него. Кога повторно го сретнав по повод дебата на Правниот факултет на Харвард, тој веќе не можеше да се сети на интервјуто што му го бев направил 14 години пред тоа. По папата од Полска, на Светата столица седна еден од Германија и еден од Аргентина. Понтификатот на сите тројца го засени скандалот со злоупотребите.

По обелоденувањето на скандалите во Бостон, следеа слични случаи во Австралија, Ирска, Германија, на Филипините и во Танзанија. На сите континенти. Во целиот христијански свет. Ужас, неверување, разочарување, болка, бес – сите овие емоции ги делат верниците од цел свет. Скандалот ги обединува верниците против свештенството. Истовремено предизвика напуштање на црквата од страна на стотици илјади верници. Ѓаволската пракса нивните сексуални игри да ги прават под превезот на светоста, надминува сè што добрата душа на еден католички верник може да соџвака.

Разбирливо е зошто некои верници тука го гледаат вмешан Сатаната. Вистината е дека тука најстрашните ексцеси ги предизвикал системот во кој изживеаната сексуалност со исклучок на неколку дозволени случаи е грев и во кој братството на мажи е составен дел од функционирањето. Целибатната црква на папата морално банкротираше и самата си се погази. Доживуваме пресуден момент за црквата од нејзиното реформирање до ден денешен. Не може човек да си замисли нешто што би ја спасило од целосен пропаст.

Вест како бомба

Сега и самиот папа Франциско е во центарот на случувањата, откако поранешниот амбасадор на Светата столица во САД, надбискупот Карло Марија Вигано јавно го обвини дека уште од 2013. година знаел за наводите против поранешниот надбискуп од Вашингтон, Теодор МекКерик. Веста беше разорна како бомба токму на денот кога папата ја завршува неговата посета во Ирска, каде што се среќаваше со жртви и бараше прошка за страдањето што неговата црква им ја нанело. Католичка Ирска, благодарение на скандалот, сврти нов лист во своите односи спрема централната власт во Ватикан.

Најновиот скандал во американската сојузна држава Пенсилванија не е последен, исто како што тој во Бостон во 2002. не беше прв. Беше само првиот кој беше обелоденет. Пред тоа имаме децении и столетија минати во мрак, оти црквите не биле мета на критичката јавност. Во тоа време црквата била толку моќна што никој не можел да ѝ се попречи на патот на уништивањето на душите што требала да ги чува. Сега е дојдено времето за кое се пишува во Евангелието по Матеј, дека мора да биде истребен пирејот без да се уништи житото. Дали тоа може да успее во црква во која сојузништвото наводно е присутно сè до првиот човек, е дискутабилно. Бог во секој случај е на страна на слабите, а не на свештенството.

Александар Герлах е советник во фондацијата Рузвелт на Адамс хаус на универзитетот Харвард, постар советник во Карнеги советот за етика во меѓународни односи, постар соработник за истражувања на универзитетот Кембриџ, на Институтот за религија и меѓународни студии и гостин- предавач на универзитетот Лојфана во Линебург по предметите етика и теологија. Докторираниот лингвист и теолог работи на темите идентитет, политика и религија, либерална демократија, како и секуларизам, плурализам и космополитство. Меѓу другото пишува коментари за „Њујорк тајмс“ и Ноје Цирихер цајтунг“. Тој е основач на дебатниот магазин „The European“ чиј што главен и одговорен уредник бил од 2009. до 2015. година.

/ Александар Герлах/DW.COM

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *