Почетна Коментар Каде одиш МПЦ-ОА?
Каде одиш МПЦ-ОА?

Каде одиш МПЦ-ОА?

5.54K
4

Еве година и половина откако СПЦ издаде Томос за автокефалност, а МПЦ-ОА влезе во приказната дека е автокефална црква и полека, но сигурно, се откажува од канонскиот пат за нејзино целосно прифаќање во православната екумена, како вистинска, автокефална помесна црква. Работите наместо да одат во вистински правец, се движат кон верификација на фактичката состојба дека МПЦ-ОА станува се појасен приврзок на рускиот православен свет, црковно-политичка идеологија, која сосема сигурно за извесно време ќе заврши како ерес, осуден од најголемиот број помесни православни цркви.

Какви последици тоа ќе има за МПЦ-ОА се чини дека никому во Синодот не му е важно. Нашите владици сега се во филмот дека се најважните во Православието… Околу нив се врти светот штом толку многу ги милува Црковна Москва, онаа која треба да го спаси македонскиот идентитет.

Но, паралелно додека македонските владици од Синодот живеат во филмот да служат и сослужуваат со Српскиот патријарх, гордо живеејќи ја лажната автокефалност, пропуштаат да ја погледнат реалноста со која МПЦ-ОА се соочува. А таа ни малку не е за ставње под тепих.

Во Осоговскиот манастир завчера дојде српскиот патријарх и тој лично откри (внимавајте) дека дошол на покана на Митрополитот Кумановско-осоговски Григориј. Не на покана на Архиепископот Стефан, туку на покана на митрополит. Каде и во која црква се видело и чуло дека митрополит може да кани поглавар на друга црква да служи? Добро што Григориј имал доблест да го покани и Архиепископот Стефан, а веројатно и неморал. Каква е таа дезоринтираност во МПЦ-ОА? Што е Григориј во таа црква? Господ? Архиепископ? Кој всушност управува со МПЦ-ОА изминатава година и половина? Има ли во тој Синод некој што може барем да постави правашње, да праша кој е Архиепископ?

Ја видел ли некој фотографијата по литургијата на која се двајца министри од владата лево и десно од Патријархот Порфириј, кој има централна позиција, а Стефан таму негде лево како обичен владика. Размислува ли некој во таа црква кој и какви пораки испраќа? Што бараат двајцата министри да се сликаат околу Патријархот, а не околу Архиепископот? Има ли таму некој што разбира елементарни правила на протокол? Порфириј е дома, или на гости? Тој е српски патријарх, или и македонски? Што сме ние Автокефална црква во Српската патријаршија?

Има еден интересен момент од службата во Осоговски. Чудно, но ова е прв пат Српскиот патријарх да служи во Македонија, а да не се присутни владици од поранешната ПОА. Можеби е случајност, можеби Григориј не ги поканил, а можеби е нешто сосема друго.

Во договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА беше клучно прашање. Една година подоцна тоа прашање за јавноста е затворено. Но, за внатрешните прилики во МПЦ-ОА е повеќе од отворено.

Јавноста на пример не знае дека инаугурацијата на Јоаким Дељадровски е одложена. Зошто? МПЦ-ОА молчи.

Јавноста на пример не знае дека две села во делчевско, поприлично големи, организираат бојкот и напуштање на МПЦ-ОА на денот на инагурацијата на Марко Делчевски. Што направила МПЦ-ОА да го реши тој проблем? Ништо, напротив одредени лица од црквата дополнително ја подгреваат тензијата.

Јавноста на пример не знае дека викарниот епископ на Архиепископот се уште не се видел со Архиепископот. Зошто?

Јавноста на пример не знае дека Уставот на МПЦ-ОА не препознава епископско управување на епархии, освен Митрополитско. А Јоаким и Марко имаат титули на Епископи управители на епархии.

Синодот на МПЦ-ОА им додели епархии на тројца владици од ПОА, кои практично не постојат во Уставот на МПЦ-ОА. Јован, Марко и Јоаким се владици на непостоечки епархии? За да можат да функционираат во правниот систем на државата, тие мора да бидат правни субјекти запишани во централниот регистар на државата. А за да бидат запишани, треба да бидат дел од Уставот на МПЦ-ОА, како документ по кој функционира црквата во државата. Како овие три епархии ќе се финансираат, ако не се регистрирани правни субјекти?

Дополнително, кој се од овие владици по Устав има право да биде член на Синодот во полн состав? Впрочем, кога Синодот во полн состав ќе заседава за да расчисти одредени дилеми.

Пред МПЦ-ОА има многу сериозни прашања, но очигледно за владиците „домородци“ тоа и не е некаков проблем. Дали е предизвик за „дојденците“, веројатно ќе покаже времето…

/М.Н.

Коментар(4)

  1. Што, зошто, како, кога, од кого и дали ќе биде прогласено како ерес е прашање на иднината и секако нема да биде во рацете на дневно-политичките додворувачи на сеедно кои црковни или политички кругови и квази аналитичари кои постојано од сите страни фрлаат од ракав безброј квалификации на разни состојби во Црквата. Ересите, за жал, отсекогаш биле присутни; понекогаш им се обрнува поголемо внимание, се прават обиди да се расчисти со нив или барем со доминатната, после помал или поголем успех талогот ќе легне и во чистотата на благодатта пак ќе се види дека нема ништо поскапо од подвигот на љубовта во тишина во кој Му се остава и на Господ нешто да каже, долго и трпеливо да зборува за Својот начин на љубење, за силата на Својата Премудрост, за плодовите што сме ги донеле во бурата, за оние што Го прославиле Името Негово познавајќи Го како што самите се познати и за тие коишто залудно го земале тоа Име во своите усти. Но, кога акцентот е на тоа кој со кого се сликал (особено кога станува збор на политичари кои не покажале основен опит ни во политичките протоколи, а камоли во црковните) и кој од кого е поголем а се однесувал како помал или обратно, да се расправа за ересите е, простете ми, по малку комично. Секако, и тие нешта имаат своја вредност, ама кога ќе ги потенцирате нив, а ќе посакате истовремено да ја вршите улогата и на спасител на Црквата од некоја голема ерес… таа глетка дури колку е скапа! Вклопувањето на Епископите на поранешната ПОА и треба да биде благ и внимателен процес; секако, потребен е искрен, срдечен труд и од клириците на Македонската Православна Црква и од самите Епископи кои ќе ги преземат претстојните пастирски подвизи во Слава Божја и за спасение на евхаристиските заедници кои ќе им бидат доверени, а најмногу треба да се подготвува народот за врските коишто повторно треба да се родат и со огромна посветеност да се негуваат заради спасението на сите. Токму од причини што верниот народ најмногу ги трпи последиците од промените на разните одлуки, томоси, менување на надлежности, престројувања во ерархијата на една Помесна Црква (испраќање на духовен отец кој има свое стадо, свои бројни духовни чеда на мисија во далечна област на пр.) или упте повеќе при меѓусебното премостување на старите поделби итн. сите такви крупни одлуки мора да го имаат предвид благобитието на верниот народ (што тој ќе претрпи од тектонските поместување коишто најчесто се предизвикуваат, кои дополнителни напори треба да се вложат за да го поткрепат полесно, па дури и со радост да ја прими промената итн.) Знаеме дека Отците на Македонската Православна Црква умеат со љубов и топлина, со искрена грижа за духовните чеда, за сиот народ, да создадат амбиент за поставување нов почеток. Сигурно и новодојдените Епископи се желни одново да го дадат својот плод на нивата Божја, овде меѓу нашиот народ. Со Божја помош и благодатта на сите ќе им биде умножена. Тоа е неизбежно. Тоа е едноставна духовна законитост. Место за страв нема.

  2. Па нели Цариград 50 години не упатуваше да си го решиме прашањето со СПЦ!!!???
    Па нели здтрумичкиот владика Наум го креираше т. н. Нишки договор со кој МПЦ требаше да биде приврзок на СПЦ!!!???
    А истиот тој Наум е твојот ментор???
    Зошто сега зборуваш за ерес??? Зошто тогаш беше се ОК???
    Сега ког СПЦ се надмина себеси и не призна со цело ИМЕ И ПРЕЗИМЕ на вас предавниците не ви е по ќеиф..
    Престани ти т.н. Црковен аналитичари да се мешаш во работи што не ги познаваш… МПЦ-ОС е на вистинскиот пат кон самостојност и АФТОКЕФАЛНОСТ, а во канонско единство со сите Правослани цркви….

  3. ПОА ги пуштија низ вода. Им заврши употребната вредност и сега на рециклажа или буниште. Уствари у Дељадровце како место каде ќе пишуваат мемоари за славното минато на ПОА и борбата за општење со вселената. А што очекуваа друго?

    Во секој случај Дељадровце слави… Конечно се исправи вековната неправда и местото стана седиште на митрополија. Или епископија? Абе како беше?!? Уствари и не е важно како беше. Важно е да се дружиме. Само после да не испадне дека западнале во лошо друштво и другарите им се криви.

  4. Eee, deca na svadba se slikaat so mladožencite iako ne se nikakvi rodnini, ete sakaat da se slikaat bidejki tuka se našle, isto taka i ministrive, iako ne se važni skale da se slikaat, poradi atraktivno. Sekoj koj sakal možel da se nepotrebno slika so vladikite

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *