Почетна Анализа Имамот Бењамин Идриз: Македонија како мала земја може да биде пример за мултирелигиозен и мултинационален живот
Имамот Бењамин Идриз: Македонија како мала земја може да биде пример за мултирелигиозен и мултинационален живот

Имамот Бењамин Идриз: Македонија како мала земја може да биде пример за мултирелигиозен и мултинационален живот

261
0

„Курбан Бајрам за нас е уште еден повик да размислиме за суштината за овој празник. Имено, Курбан Бајрам не е само да се заколи едно животно, туку има поголема димензија од тоа”, вели во разговор за Anadolu Agency (AA), имамот Хафиз Бењамин Идриз , кој е по потекло од Скопје, а живее во Германија, во градот Пензберг во близина на Минхен.

Исто така тој е и претседател на Исламскиот форум во Минхен. Овој имам во тамошната јавност е познат по својот општествен активизам и појавувањето во медиумите.

Говорејќи за значењето и вредноста на големиот муслимански празник Курбан Бајрам, имамот Идриз вели дека овој празник има повеќе добробити и треба да се разгледува од повеќе аспекти.

benjamin-imam-2„Курбан Баjрамот има повеќе користи и треба да се гледа од повеќе аспекти. Затоа Господ вели дека нема да стигне нашата крв или нашето месо, туку нашата свест, нашиот карактер, нашиот труд и жртвувањето за доброто на другиот, тоа е она што ќе стигне кај Господ. Според тоа, она што денес треба да го разбереме е тоа дека, како што аџиите се вртат околу Ќаба во овие денови, се вртат околу една куќа, една идеја, исто така и ние треба да се „вртиме” околу една идеја, а тоа е единството во различноста. Да бидеме толерантни, и да го прифаќаме плурализмот во исламот, различните погледи и да имаме доза на респект кон различното. И оној кој размислува поразлично од мене е мој пријател. Тоа е пораката на аџилакот и треба да ја прифатиме”, истакнува имамот Идриз, објаснувајќи ја важноста на Курбан Бајрамот и неговите користи. Секако, додава тој, солидарноста е карактеристика по која се одликува овој празник, поради што тој упатува и порака на солидарност, велејќи дека Курбанот буквално значи приближување на оддалечениот.

„Сакам во овие убави денови, онака како што ќе го поделиме месото на другите и ќе покажеме солидарност, тоа чувство да нè следи, секогаш да бидеме во солидарност со соседите, со социјално загрозените. Пораката на исламот е дека не смеете да спиете ако знаете дека вашиот сосед е гладен”, порачува овој имам.

Говорејќи од аспект на светот во денешницата, вели дека доколку општеството сака да постигне прогрес, потребно е да се надминат несогласувањата и да се грижиме едни за други.

benjamin-imam-3„Во глобалниот свет сите сега сме соседи. Затоа треба да се грижиме за сите луѓе, да настојуваме да ги надминуваме несогласувањата, да се обединиме околу една идеја. Ние носиме една голема одговорност како муслимани кои живееме во едно вакво време, да го сочуваме единството и да нема разединување и омраза, туку да бидеме фактор на единство, фактор на мирот во светот, на љубовта и толеранција”, смета имамот Идриз.

ЦВЕЌЕТО КАКО БАЈРАМСКИ ПОДАРОК

Бајрам кај нас е општествено-верски настан на кој доаѓаат сите членови од семејството, вели имамот Идриз, раскажувајќи за начиот на одбележување на Бајрам во средината во којашто живее и делува. Меѓу другото, раскажува и за цвеќето како бајрамски подарок.

„Кај нас на молитвата за Бајрам намаз доаѓаат и деца и жени… Ние тоа го интерпретираме како општествен верски настан на кој учествуваат сите членови од семејството. После молитвата, мажите и децата на своите мајки и жени им купуваат цвеќе пред џамијата. Исто така, се делат баклава и пици на сите луѓе пред џамијата и на тој начин Бајрам добива една хармонична и свечена димензија”, раскажува имамот Идриз.

МАКЕДОНИЈА Е ПРИМЕР ЗА МУЛТИЕТНИЧНОСТ

Осврнувајќи се на состојбите во Македонија, истакнува дека е потребна волја на сите општествени актери во градење на општество во кое ќе се почитуваат човековите права, општество во кое ќе бидат прифатени различностите како богаство.

molitva-mustafa-pasa„Кога не сме подготвени да го прифатиме другото и различното, тоа општество не може да се развие. Доколку сакаме да го постигнеме тој стандард на демократија, стандард на тие вредности да ги почитуваме човековите права, секој има право да го зборува својот јазик, право на своја верска определба. Македонија како мала земја може да биде пример во светот за мултирелигиозен и мултинационален живот и на другите луѓе”, смета имамот Идриз, наведувајќи дека во градењето на подобро општество задача и одговорност имаат сите, од политичарите, научниците, теолозите, уметниците, до обичните граѓани.

„Одговнорноста не е само на политичарите, туку и на сите други, па и на теолозите, одговорноста на верските луѓе е да работат на тоа да ги негуваат тие вредности и да ги имплементираат во животот”.

Порачува дека е мирот нема алтернатива и дека вреди да се работи за подобро утре во секоја смисла.

„Ние сме уморни од војни, од омраза, тоа никому не му носи добро. Затоа, вреди да се работи за мирот, вреди да се работи за доброто на сите луѓе. Од тоа ќе имаме корист и ние и идните генерации. Тие треба да знаат како да го живеат достоинствено, а не како треба да умрат”, порачува имамот Идриз.

МУСЛИМАНИТЕ ВО ЕВРОПА

Со бранот бегалци кои во последно време се случуваат на релација Исток- Запад, поради тешките разорни војни кои владеат во земјите на Блискиот Исток и Африка, дојде и до промена на демографската слика на најстариот континент – Европа. Имамот Идриз се осврнува и на прашањето на состојбата на муслиманите во Европа земајќи ги предвид спомнатите околности под кои се случуваат демографските промени.

„Прашањето за муслиманите во Европа, посебно по 11 септември и по неколкуте терористички напади, исламофобијата и бранот на бегалци се работите кои ја отежнуваа состојбата на муслиманите од една страна, од друга страна, муслиманите се во еден пост-интеграциски период, тука живеат неколку генерации на муслимани. Првата генерација на муслимани се оние кои отидоа поради работа, нивните деца се сега деца кои се родени во Европа, кои сега учат и студираат во Европа, кои стасаа на одредени места”, објаснува имамот Идриз, велејќи дека сега не можеме да ја споредиме ситуацијата на муслиманите со онаа од пред 30-40 години.

Eid al-Adha„Сега, нивните деца стасаа на позиција која сега, би рекол е завидна. Тие веќе не работат само физички работи, туку се и на менаџментски позиции, водат институции и се вклучини во политичкиот процес на некои земји. Исто така, со доаѓањето на бегалците во Европа, се води голема расправа дали Европа е подготвена да ги почитува тие вредности на кои таа ја основаше својата идеја, принципите на рамноправноста, слободата, слобода на религијата, на мислите, на плурализмот”, истакна тој, при што наведува дека како што муслиманите имаат потреба од Европа, така и Европа има потреба од муслиманите.

„Од друга страна муслиманите, генерално велам, сè уште не ја прифатиле Европа како свој дом. Европа има потреба од муслиманите, а и муслиманите имаат потреба од Европа, да се развијат во Европа, да ја прифатат како своја. Тоа е процес од двете страни, при што е потребно запознавање. Се надевам дека тоа еден ден ќе биде подобро отколку што е ситуацијата денес”.

ГЕРМАНИЈА СЕ СООЧИ СО НАЈГОЛЕМИОТ БЕГАЛСКИ БРАН ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Говорејќи за актуелните состојби во Германија со акцент на бегалската криза, имамот Идриз вели дека бегалскиот бран од минатата година е всушност наголемиот бегалски бран кој го дожвиеа Германија по Втората светска војна.

„Кога беше војната во Виетнам, дојдоа бегалци, потоа војната во поранешна Југославија, посебно во Босна, сега трае третиот голем бегалски бран во Германија. На почетокот имаше голема еуфорија и навистина Гермаците и на политичко ниво и на ниво на невладини организации и сите оние кои се бавеа со бегалците пружија голема помош. Германија одигра голема улога во Европа и во Европската Унија како најхумана, земја која покажа голема подготвеност да ги прифати бегалците од сите земји”, смета тој.

Наведува дека сега, откако бегалците се хуманитарно згрижени, потребно е да им се помогне да се интегрираат во земјите во кои доаѓаат.

ХОРИЗОНТАЛНИТЕ АСПЕКТИ НА ИСЛАМОТ

Анализирајќи ги актуелните светски текови, предизвици, прашања и проблеми со кои се соочува човекот во денешницата, Идриз низ призма на исламот се обидува да одговори на истите. Ова всушност, како што вели и самиот, било мотив за неговата докторска дисертација, која ја одбрани минатата недела, темата да биде ,,Хотизонталните аспекти на исламот”.

kurban-bajram-kurban„Темата е актуелна. Сакав низ таа дисертација да развијам некои идеи за тоа како да го разбереме исламот во денешно време, живееме во време на големи предизвици, време на глобализација, драстични промени, преку 60 милиони бегалци, војни насекаде, посебно на Блискиот Исток. Всушност, ова е живот во многу динамично време, за кое е потребно да се најдат одговори. Може ли исламот да ги понуди тие одговори? Идејата е исламот да се разбере хоризонтално, само помеѓу Господ и човекот односот е вертикален, сите односи во исламот се формирани хоризонтално. Со тоа сакам да кажам дека и односот помеѓу човекот и објавата – Куранот, е хоризонтален, што значи соработка, дијалог, координација, што сака Куранот, кој е објавен во 7. век, да му каже на човекот кој живее во 21. век, како тој може да понуди решение за нашите проблеми. Тоа е динамична книга која нè следи во животот. Доколку не размислуваме за тоа што треба да се актуелизира во пораката на оваа книга, ќе бидеме изгубени. Во тој случај, муслиманите нема да имаат веќе што да му кажат на светот. Доколку Куранот го прочитаме со разбирање, ќе видиме дека тој е современ. Господ нема да им помогне на оние кои не разбираат, покрај тоа што имаат срца, како што вели ајетот (стих од Куранот): „Тие срца и памет имаат, но со него не размислуваат”, објаснува имамот Идриз, кој додава дека се работи за критичка опсервација на некои работи во исламската теологија.

„Се обидов на сите аспекти кои се однесуваат на денешницата, да дадам нов одговор за новите предизвици. Како, она што е кажано во 7. век, да се разбере во 21. век, денес и тука каде што живеам”, вели имамот Хафиз Бењамин Идриз во разговорот за Anadolu Agency

/A.A.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *