Почетна Вести И по една недела се уште мироточи иконата во Трубарево
И по една недела се уште мироточи иконата во Трубарево

И по една недела се уште мироточи иконата во Трубарево

1.51K
2

Една недела како мироточи иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата Св. Вмч. Георгиј Победоносец во с. Трубарево, скопско. Исто толку време овој храм на МПЦ со денови е полн со народ од сите краишта на Македонија кои сакаат да ја видат и да се поклонат пред иконата на Богородица.

Sv-Georgij-Trubarevo4Верниците кои доаѓаат да ја посетата црквата донираат и за нејзино разубавување, Од вчера, во храмот е монтиран централен кристален полиелеј. Освен тоа, поставен е и еден мал кристален лустер во олтарот.

Парохискиот свештеник отец Бобан Богдановски, кој деновиве постојано е во храмот каде ги пречекува илјадниците верници кои доаѓаат да го видат чудото, како и целиот црковен одбор е презадоволен од новото осветлување во храмот.

-Откако беше наместен полиелејот дојдоа голем број верници, од месното население, како и од околните места и сите благодарни на Бога и презадоволни што храмот се разубавува со ваков прекрасен полиелеј од македонска изработка, вели отец Бобан, објаснувајќи дека новото осветлување е целосно финансирано од донациите на верниците и најавувајќи дека доколку дозволат условите во план е нова крстилница за верниците.

Македонската православна црква минатата недела потврди дека иконата на „Пресвета Богородица“ во оваа црква почнала да мироточи.

Коментар(2)

  1. Наскоро отец Бобан ќе си има нова кола, поубава од сегачната, па тука малку ќе се омрсат и членовита на црковниот одбор па ќе има нешто и за ГГ Стефан. Чудо чуда прави

    1. И’ благодариме на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија за Нејзината голема утеха за нас, македонските христијани во овие тешки времиња. Искушенијата во овој пост, во општествени рамки, се огромни, одамна невидени кај нас. Но знакот на Мајката Божја е најдобриот патоказ каде и како може човек да ги решава своите незадоволства од било какви човечки неправди и од секакви други страдања, кога ќе наидат. Чудесен и Чудотворен е Бог во Своите Светии, дејствува со огромна благотворна сила во животот на сите кои искрено Му веруваат и Го љубат. Кога го бараме решението надвор од Него, тогаш се соочуваме со безизлезот, зашто надвор од Бога не е празно: во просторот надвор од Неговото Царство, во просторот кој не е доволно заквасен од подвизите на луѓето во Негова слава а со содејство на Неговите несоздадени и непропадливи енергии – за жал во тој простор не е ни безбедно: таму се искусните фанатици на хаосот, демоните, чии замисли и игри можат да бидат поразени само од човековото смирение кое настојува да се вподоби на Христовото на Крстот. Изгледа Пресветата затоа и се јави во една скромна црквичка на периферијата, за да потсети дека ниту чиновите, ниту престолите, ниту властите (во хиерархиска смисла на зборот), ниедно чисто човечко достоинство не е само по себе доволно да ја оприсутни Милоста од висините – туку само длабокото човеково смирение пред Славата и Величието Божји, само љубовта која трпи и не престанува, никогаш и за ништо не се превознесува, љубовта која ги зема на себе сите рани и страдања, со своето молчење ги исцелува и се слева со Беспочетниот. Нека е Благословена и Препрославена Пресветата Дева Марија и Мајка Божја Која бесконечно не’ љуби и опсипува со Нејзиното бескрајно милосрдие, за да истраеме во нашата надеж во Трисветиот Бог наш. Амин.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *