Почетна Вести ИВАНОВ: Делата на светите браќа не учат дека сите луѓе се еднакви пред Бога
ИВАНОВ: Делата на светите браќа не учат дека сите луѓе се еднакви пред Бога

ИВАНОВ: Делата на светите браќа не учат дека сите луѓе се еднакви пред Бога

27
0

Ivanov slika 1„Одбележувајќи го големиот празник 24 мај,  ја славиме историската и епохална мисија на солунските браќа. Големите просветители ја составија првата словенска азбука – глаголицата. Со помош на глаголицата тие ја препеаа Библијата на старословенски насочувајќи дека секој народ има право на проповед за делата Божји на својот мајчин јазик“, пишува Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов за денешниот 24 мај, денот на сесловенските просветители, „Светите Кирил и Методиј“.

-Преку писмото, на идните генерации на автентичен начин им го пренесуваме она што сме го наследиле од нашите предци. Делата на светите браќа не учат дека сите луѓе се еднакви пред Бога, а јазикот на кој се молат на Бога му е еднакво мил, истакнува во честитката Иванов.

Република Македонија, како што вели, ја слави цивилизаторската мисија на големите сесловенските апостоли кои прифаќајќи ја светлината на знаењето на верата придонесоа кон втемелување на правото на еднаквост, јазик и култура.

– Сржта на просветителската мисија на сесловенските апостоли е во просветителскиот континуитет што се докажа преку продолжувачите на нивната поука и знаење, големите словенски дејци свети Климент и свети Наум, нагласува Иванов во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *