Почетна Вести Христијанство Г. Тимотеј: Ѝ благодариме на Руската црква, го чекаме томосот од Вселенската патријаршија
Г. Тимотеј: Ѝ благодариме на Руската црква, го чекаме томосот од Вселенската патријаршија

Г. Тимотеј: Ѝ благодариме на Руската црква, го чекаме томосот од Вселенската патријаршија

948
1

Првично во овој момент ѝ благодариме на Руската православна црква за потегот со кој ја призна нашата црква за сестринска автокефална црква.

Вака владиката Тимотеј, воедно и портпарол на Синодот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија го оценува потегот на Светиот синод на Руската православна црква со кој ја призна Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како автокефална сестринска црква.

– Очекуваме во скоро време истото да го направат и другите православни цркви. Така, во блиска иднина очекуваме да биде издаден и томосот за автокефалност на нашата црква – вели г. Тимотеј.

Посочува дека следната недела ќе се одржи седница на Синодот на МПЦ-ОА, на која и официјално ќе се соопшти ставот по ова прашање.

Инаку, во соопштението на Руската православна црква пишува дека на 25 август годинава, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската православна црква на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.

– Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната црква во Северна Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква – Охридска Архиепископијата, како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, во светите диптиси, објави на својата веб страна Руската православна црква – се вели во соопштението од РПЦ.

Процесот на прифаќање на МПЦ во православниот свет како канонска црква почна по одлуката на Вселенската патријаршија да ја стави МПЦ-ОА во канонско единство по поднесеното барање за апелација од страна на нашата црква.

/Нова Македонија

Коментар(1)

  1. Marijane nemoj da pišeš svoje komentare koji su laž. Proces je počeo kada je SPC dodelila autokefaliju i to jasno Ruska Crkva kaže!!!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *