Почетна Вести Христијанство Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат претворени во роба за трговија
Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат претворени во роба за трговија

Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат претворени во роба за трговија

535
0

Македонскиот народ илјадници години непрестајно на Бога благодарност и пофални песни Му вознесувал. Знаел нашиот мудар народ дека секоја тиранија е привремена, дека секое зло е краткотрајно. Денес, пак, злото, покрај тоа што си го зачувало својот вообичаен облик, има и некакво друго, поинакво лице. За жал, во тешка состојба сме доведени, вели митрополитот Повардарски Агатангел, во своето велигденско послание до верниците од неговата епархија.

-Денес, иако човекот живее во изобилство, сепак е понесреќен и попотиштен од кога и да е во неговата долга историја. Денешниот човек е збунет и дезориентиран. Тој како да не ја препознава вредноста, како да не знае што е нормално, а што застрането. Сè на овој свет се измешува и поматува, жената престанува да биде жена, а мажот престанува да биде маж, црното станува бело, а гревот – добродетел. Доблеста и чистотата е прогонета некаде во минатото, таа станува остаток од некаква нејасна традиција, која притиска и затапува. Сега, како генерација, мораме да застанеме на патот на оваа демонска наезда. Ако тоа час поскоро не го сториме, тогаш духовно ќе се разориме себе си одвнатре, дури тогаш ќе станеме морално плитки и исушени. Затоа, македонскиот народ нема друг избор освен да се ослони на Бога, да се потпре на Неговиот спасоносен столб, кој го држи и покрепува секое човечко здание. Само така и на тој начин ќе опстоиме, потенцира Агатангел.

Во посланието вели дека македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат претворени во роба за трговија.

-Тоа е срамно и неправедно, а уште помалку морално. Ова важи како за македонскиот народ и држава, така и за Црквата. Мнозина подло ќе се обидат да ни го омаловажат и искривоколчат секој наш успех и достигнување. Но, имајте секогаш предвид дека со Христос победуваме, он ги штити и запазува праведните, оти Самиот Тој е правда и вистина. Христос е живата радост која го исполнува секое осамено и повредено срце, вели Агатангел во своето послание.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *