Почетна Вести Аџиите од Македонија пред патување за Мека мора да примат вакцина
Аџиите од Македонија пред патување за Мека мора да примат вакцина

Аџиите од Македонија пред патување за Мека мора да примат вакцина

320
1

Годинава за прв пат македонските аџии во Саудиска Арабија ќе патуваат само со авион. Од втори до четврти септември на аџилак треба да заминат околу 1000 лица кои ќе ги придружуваат 25 лекари и исто толку медицински сестри кои ќе бидат одговорни за нивната здравствена состојба.

Треба да бидат внимателни од евентуално заболување со вирусот МЕРС, а не треба да се плашат од Зика бидејќи во Саудиска Арабија ги нема комарците кои го пренесуваат ова заболување. Но затоа сите аџии десет дена пред патувањето ќе мора да примат вакцина против менингококна инфекција која е опасна и смртоносна.

adzii-Од Турција треба да добиеме 2000 доза на оваа четворотипна вакцина која ќе ја примат сите аџии. Тој појас таму е ендемски и има менингококна инфекција. Тоа е опасно заболување кое може да заврши со смрт и тешки последици на нервниот систем, и затоа ние ги штитиме аџиите, вели Жарко Караџовски епидемиолог во ИЈЗ.

Епидемиолозите велат дека аџиите пред заминување нема потреба да земаат заштита против маларија, бидејќи во Саудиска Арабија ова заболување е во искоренување. Имаат забрана за внесување на течности и храна како од Македонија за Мека така и при враќањето назад.

-Кога ќе се вратат ќе бидат под петдневен надзор, и тоа е редовна постапка која ја правиме. Ќе бидат во контакт со надлежното лице во центрите за јавно здравје, дали имале температура или некоја респираторна инфекција што може да се поврзе со некоја болест од Саудиска Арабија, вели Караџовски.

Овие превентивни мерки биле утврдени на денешниот состанок меѓу претставници на Исламската верска заедница, епидемиолози од ИЈЗ и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Досега во центрите за јавно здравје не е регистриран ниту еден случај на заболен аџија со некоја од болестите карактеристични за Блискиот Исток.

/ЗДРАВСТВО24

Коментар(1)

  1. Neka si ponesat i slanina za po pat, oti tamu e golema duzva i na brzu se se prodade, da ne trpat ludjeto dodeka se na adziluk.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *