Почетна Вести Христијанство Вселенската патријаршија ги избриша вештачки создадените поделби
Вселенската патријаршија ги избриша вештачки создадените поделби

Вселенската патријаршија ги избриша вештачки создадените поделби

197
0

Со голема радост ја примив веста за историската одлука на Светиот и Севишен Синод на Вселенската Патријаршија и на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј.

Со оваа важна одлука се исправа долгата историска неправда нанесена врз нашата Црква и нејзините верници и се исцелуваат длабоките рани поради децениите изолација со кои се соочи возобновената Охридска Архиепископија. Примајќи ја нашата Црква во евхаристиско општење, Вселенската Патријаршија ги избриша вештачки создадените поделби и го отвори просторот за градење на духовно единство на православните верници.

Со ваквиот чекор, Патријархот Вартоломеј и Вселенската Патријаршија не само што ја препознаваат реалноста на нашата жива православна Црква, туку го признаваат и нејзиниот историски континуитет со древната Охридска Архиепископија која низ вековите била прибежиште и извор на духовна сила и надеж за православните верници.

Верувам дека оваа одлука отвора можност за нов и необременет духовен раст на нашата Црква и напредок и помирување во македонското општество.

Пишува: Стево Пендаровски (Фејсбук статус)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *