
381
0
Целосна забрана за носење на бурки на јавни места изгласа локаниот совет на Пазарџик во Бугарија. За одлуката денеска гласале 39 советници, а само двајца биле против.
Во пракса ова значи дека е забрането покривање на лицето или дел од него на лица во сите официјални институции и објекти, како и објекти од образованието, културата, спортот.
Одлуката предвидува и санкции за оние кои нема да ја почитуваат. За првото прекршување казната е 300 лева или 150 евра, а за повторен прекршок казната е 1000 лева, или 500 евра. Секое наредно прекршување ќе се казнува со нови 500 евра.