Почетна Вести Хрватска одбележува 100 години од признавањето на Исламот
Хрватска одбележува 100 години од признавањето на Исламот

Хрватска одбележува 100 години од признавањето на Исламот

112
0

zagreb 2Под покровителство на хрватската претседателка, Колинда Гграба Китановиќ, Владата и хрватскиот Сабор, Хрватска одбележува 100 години од официјалното признавање на Исламот како рамноправна религија во Хрватска.

Меѓу повеќе од 700 официјални гости на свечената академија е и турскиот Претседател, Реџеп Таип Ердоган, поглаварот на ИВЗ на Турција, Мехмет Гормез, претседателот на ИВЗ на Босна и Херцеговина, Хусеин Кавазовиќ, а во Загреб е и Поглаварот на ИВЗ на Македонија, Сулејман Реџепи.

-Посебно сум горд на богатството на различности. Во нашата нова историја многу муслимани имале истакната улога во изградбата на модерната хрватска држава. За време на „домовинската војна“ голем број муслимани ги положија своите животи во одбрана на Хрватска. Нивните жртви нема да ги заборавиме, изјавил хрватскиот Премиер, Тихомир Орешковиќ.

Загребачкиот муфтија, Азиз Хасановиќ, кој е домаќин на високите гости од муслимаскиот свет, потенцирал дека во Хрватска не се зборува за соживот, туку за живот.

zagreb 4-Одлуката на Хрватскиот Сабор донесена на денешен ден во 1916 година за признавање на Исламот во Хрватска беше со поглед во иднината и едногласна одлука на која и се дивиме и ја прославуваме. Таа одлука била пресудна за развојот на Исламот и Муслиманите кои се организираа во Исламска заедница која е стабилна, иако поминала низ многу предизвици, но таа останала задржувајќи ги универзалните вредности и била конструктивен фактор во општеството и за време на „Домовинската војна“ во која повеќе од стотина муслимани го дадоа звојот живот, изјавил Муфтијата Хасановиќ.

Инаку ваква одлука за законска рамноправност на Исламот со станатите религии има само уште во три држави на Европската Унија. Австрија, Белгија и Шпанија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *