Почетна Вести Во Краков 1.5 милиони млади заедно со Папата ќе ги одбележат светски денови на католичката младина
Во Краков 1.5 милиони млади заедно со Папата ќе ги одбележат светски денови на католичката младина

Во Краков 1.5 милиони млади заедно со Папата ќе ги одбележат светски денови на католичката младина

111
0

Одбележувањето на Светските денови на католичката младина почна денеска во јужниот полски град Краков.

Како што јави ТАСС, по овој повод прво говор одржа архиепископот на историската престолнина на Полска Станислав Џивиш.

svetski den mladi-Вие дојдовте од сите континенти, ги донесовте искуствата, стремежите, вашите јазици. Денеска сите ќе говориме на еден јазик, јазикот на Евангелието, јазикот на мирот и солидарноста, изјави кардиналот Џивиш, поздравувајќи ја младината на неколку јазици.

„Сакам на сите да Ви кажам дека се стремиме да живееме во мир и се молам за мир во нашиот неспокоен свет, да се тргнат од него насилството и неправдата и никој да не умира од глад“, додаде тој.

– Се молам сите да бидеме задоволени бидејќи сите сме браќа и сестри, деца на еден Бог. Се молам за сите жртви од терористичките напади во последниот период, а особено за свештеникот, кој загина за време на службата во Франција, забележа Џавиш.

Папата Франциск утре ќе ја посети Полска по повод одбележувањето на Светските денови на католичката младина.

Се очекува бројот на посетители да достигне до 1,5 милиони лица.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *