Трамп викна 20 пастори да се молат за победа врз Иран

Date:

Share post:

Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи практиката на блиска соработка со верските лидери, пречекувајќи во Овалната соба група од околу дваесет пастори на заедничка молитва за нацијата.

Средбата кулминираше со молитвен круг околу масата „Резолут“, а молитвата ја предводеше Том Мулинс, основач на црквата Христово заедништво од Флорида. Мулинс се молеше за Божја милост и заштита над претседателот, барајќи „мудрост одозгора“ за водење на земјата низ тешки времиња. Посебен акцент беше ставен и на американските војници, за кои беше побарана заштита. Една од клучните пораки на молитвата беше и молбата за сила Трамп да ги води Соединетите Американски Држави „повторно кон една нација под Бог“.

Сите што можеа се обидоа барем на момент да го допрат Трамп, кој за време на молитвата седеше и ги имаше затворено очите.

Ваквите средби станаа вообичаени за време на водството на Трамп. Клучна улога во нивната организација има Пола Вајт-Кејн, долгогодишна духовна советничка на Трамп и раководителка на Канцеларијата за верски прашања.

Меѓу редовните гости е и влијателниот пастор Роберт Џефрес од Далас, кој е еден од најгласните поддржувачи на претседателот уште од 2016 година. Иако поддржувачите ги поздравуваат овие настани како духовно охрабрување, критичарите предупредуваат дека се брише границата меѓу црквата и државата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img