Папата Лав XIV и американскиот претседател Доналд Трамп влегоа во отворени меѓусебни вербални пресметки.
Трамп утрово жестокот го критикуваше Папата за неговите апели за мир на Блискиот Исток, велејќи дека поглаварот на Католичката црква „не си ја врши добро работата“, дека е „многу либерална личност“ и дека треба „да престане да ѝ се додворува на радикалната левица“.
Американскиот претседател острите критики кон папата Лав XIV, го нарече „ужасен“ во надворешната политика и „слаб во борбата против криминалот“. Во објава на платформата „Трут соушал“, Трамп дополнително ги заостри односите со Ватикан. Трамп ги критикуваше ставовите на папата за глобалните конфликти, наведувајќи дека не сака поглавар кој смета дека е прифатливо Иран да поседува нуклеарно оружје или кој се спротивставува на американските акции против Венецуела.
Папата пак денеска ги отфрли острите критики, порачувајќи дека повиците на Ватикан за мир и помирување се длабоко вкоренети во Евангелието и дека тој не се плаши од администрацијата на Трамп.
„Да се стави мојата порака на исто ниво со она што претседателот се обиде да го направи овде, мислам дека не покажува разбирање за пораката на Евангелието“, изјави папата, додавајќи дека му е жал за таквите коментари, но дека ќе продолжи со она што го смета за мисија на Црквата во денешниот свет.
Првиот папа роден во САД нагласи дека неговите општи апели за мир и критиките за „илузијата на семоќност“ не се директен напад врз Трамп, туку укажување на факторите што го поттикнуваат конфликтот во Иран и другите судири ширум светот.

