Почетна Анализа „Тази црква не е црква“ – принципот по кој ПОА функционира
„Тази црква не е црква“ – принципот по кој ПОА функционира

„Тази црква не е црква“ – принципот по кој ПОА функционира

1.11K
8

Црковна организација или инструмент за остварување на нечии интерси? Што всушност е ПОА на Јован Вранишковски? За оние кои ги паметат изјавите на екс владиката на МПЦ и не е нејасно како таа функционира и како ги менува ставовите во зависност од потребите за кои се даваат изјави. Но, за оние кои не паметат, сосема доволно е само едно пребарување на интернет за да некој се увери како ПОА зборува тоа што сака соговорникот да го слушне.

Ако во 2016 година пред Соборот во Крит, иако мотивирана од свои лични причини, можеби и  лицемерно, за да го оспорат правото за автокефалност и апелација на Вселенската Патријаршија, или како сателит на РПЦ, ПОА ја застапуваше тезата  и бараше СПЦ да оди на Соброт, иако Рускиот патријарх го бојкотираше, денеска ПОА, поради веројатно повторно свои интереси, ја брани Руската црква во судиорот со Вселенската Патријаршија.

За разлика од ПОА, МПЦ-ОА и нејзиниот Архиепископ секогаш и во минатото и сега на литургиите во диптихот го споменува Вселенскиот Патријарх како прв.

Веста што грчка Ромфеа ја објави пред некој ден, за телефонскиот разговор меѓу Вранишковски и Рускиот Патријарх, ја открива суштината на функционирањето на ПОА. Меѓу зборовите што, Ромфеа ги пренесува се и оние дека Вранишковски му ги кажал на Рускиот патријарх дека „Православната црква никогаш немала и не може да има единствен центар според моделот на Римокатоличката црква“, мислејќи на односот на Вселенската Патријаршија, и акцентирајќи дека Украинската православна црква е „целосна апостолска црква, која доброволно избрала да остане под јурисдикција на Московската патријаршија и да ужива во нејзината автономија во границите на Руската православна црква.

-Српската православна црква ја почитува организациската структура на Московската патријаршија, чиј составен дел е самоуправната украинска православна црква предводена од неговото блаженство митрополитот Киевски и цела Украина, и тој останува чувар на догми, односно, тој ќе биде на страната на вистината и нормалниот поредок , рекол Вранишковски.

Но, ако Вранишковски се прслуша самиот себе од пред неколку години, кога зборува за расколот и за одност на останатите цркви кон Вселенската патријаршија, тогаш ќе сфати дека во актуелниот случај Фанар-Москва, Рускиот патријарх е расколникот. Логично по зборовите што Јован ги кажува тој во Москва служел со расколничката руска црковна организација.

Во видеото е целосната изјава, но за акцентирање е делот во кој јован вели: Ако една црква одлучи самоиницијативно да прекине сослужување со Вселенската патријаршија, тогаш таа црква е расколничка, а не Вселенската.“.

Руската црква во 2019 година го прекина сослужувањето со Вселенскиот патријарх, по издавањето томос за автокефална црква во Украина.

Коментар(8)

  1. Православната црква никогаш немала и не може да има единствен центар според моделот на Римокатоличката црква“, мислејќи на односот на Вселенската Патријаршија, и акцентирајќи дека Украинската православна црква е „ – nema vo ova dilema. Sosema e vo pravo Jovan ako go kazal. Ova ne e samo negov stav tuku stavo na celata pravoslavna ekumena minus tie koi nesto baraat od EP.

    Chudna rabota go obvinuvate Jovan za prevrtuvanje no ovaa stranica kolku pati se menuva te SPC te EP koga se bara nesto od niv?

  2. Ти пола кирилица, пола латиница … препишуваш, преведуваш, слушаш, пренесуваш … не само што си грешен, туку и неписмен си …

    1. Mislish na toa sto napraviv ‘cut i paste’ od statijava? Ok. Aj nepismen sum. Vo pravo ste.

      Nemam poim za pravoslavieto vie imate sto ste sami na sebe zaljubeni.

  3. Еве уште еден пример, интервју кое сведочи како некогаш архиепископот Јован зборуваше во поглед на Вселенската Патријаршија, нарекувајќи ја Првопрестолна Црква: “Канонска Црква је Црква која је у јединству са првотроном Црквом. У овом случају првотрона Црква у православљу је Васељенска Патријаршија и све цркве су у јединству са Васељенском Патријаршијом. Истовремену су у међусобном јединству као сестре цркве и називају се канонске цркве, значи цркве које поштују канонски поредак Православне Цркве који се преноси са генерације на генерацију…”

    Ех, тогаш за таа вистина гинеше, а сега дрско ја порекнува. Дотолку повеќе што стана особено близок со Руската Православна Црква која пред извесно време самоволно одлучи на богослужбите да не го спомнува првиот меѓу еднаквите, началникот на Првопрестолната Црква, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, влегувајќи на тој начин во длабок раскол. Од друга страна, пак, Архиепископот на МПЦ- ОА, г. г. Стефан, на сите богослужби како прво име меѓу патријарсите и архиепископите го произнесува името на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј…
    Е сега кој е во раскол?
    Повелете и уверете се:

    https://www.poa-info.org/cont.php?l=mk&r=arhiepiskop&p=intervjua&d=20110701.html

  4. Грешен, зилот, радикалец, неписмен, каков и да си – сигурно ти е многу тешко со себеси. Брат, да не ти сум в кожа!!! Ем се нарекуваш грешен, ем сите ги судиш. Уф! Поголема схизма, пострашен раскол од тој внатре во тебе – ќе да нема. Ти брат појма немаш кому му служиш. Дај прибери се

    1. Raskolot od Hristovata crkvata e edno i isto so raskol vo samiot sebe. Ne tuku filozofirajte so Bozijata crkva i vistinata. Nesum osudil nekomy tuku sum reagiral na stavovi i na pogresni chekori. Osobeno sto barate opravduvanje za svoite greshki vo greshkite na tugiot. Za grevot ne treba opravduvanje treba pokajenie.

  5. Кој е автор на овој текст ?
    Уредникот?

    Како по правило, повторно му се дава значење на Вранишковски поголемо отколку што навистина има;

    Мислите дека тој во СПЦ толку голем авторитет ?
    Кој може да цени таков предавник на својот народ?
    Да… на рускиот патријарх многу му е важно што некој како Вранишковски ќе каже ;

    Вие па се расправате тука заради него.
    Ццццццццццц

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *