Почетна Вести Српскиот Патријарх: Србите немаат никој поблизок од Хрватите
Српскиот Патријарх: Србите немаат никој поблизок од Хрватите

Српскиот Патријарх: Србите немаат никој поблизок од Хрватите

332
2

Српскиот патријарх Иринеј ја шокираше јавноста, изјавувајќи дека „Србите немаат никој поблизок од Хрватите“ и дека на Хрватите треба да им се опрости за сите злодела направени врз Србите.

Оваа порака Иринеј ја испратил од Јасеновац, место кое Србите го сметаат за најстрадалничко за нив, каде во втората светска војна се наоѓал најозогласениот нацистички логор на НДХ. Иринеј заедно со членовите на Синодот на СПЦ, пред два дена одржале историска седница на Синодот во манастирот Свети Јован во Јасеновац. За време на посетата на Хрватска и околината на Јасеновац, српската црковна делегација ја придржувал и (како што го нарекуваат српските медиуми) контроверзниот хрватски министер за култура Златко Хасанбеговиќ, како претставник на хрватската претседателка, Колинда Грабар Китановиќ.

SPC JAsenovac
Синодот на СПЦ на историска седница во Јасеновац- Хрватска

– Многу Христијани ја загубија свеста и паметот за себе и сите оние на кои им тежат злоделата мораат да побараат прошка од Бога. Сите ние сме икона на Бог, сите ние сме божји деца. Србите во овие краеви имаат доживеано страшна трагедија, нивните жртви не смееме да ги заборавиме, но мораме да опростиме, за да се она што овде се случило, никогаш повеќе да не се повтори. Ние Србите немаме никој поблизок од Вас Хрватите. Тоа што се случило меѓу нашите народи мора да биде опомена. Ние треба да соработуваме за подобра иднина,  изјавил Српскиот патријарх Иринеј.

Тој се заложил за враќање на Србите на овие простори, бидејќи во парохијата во селото Јасеновац, денеска има само 11 православни.

Сепак, оваа изјава на Патријархот Иринеј ги разбуди страстите во Србија, меѓу тамошните верници на СПЦ.

Дел ја оценуваат како дипломатска изјава која има за цел да ги смири страстите меѓу Србите и Хрватите, особено по последните неколку инциденти во кои во Вуковар и околината беа претепани Срби. Други пак ја оценуваат како претерано либерална.

Коментар(2)

  1. Mozi Srbite ,<>narod od Hrtvatite, no samo Makeoncite i Makedonskata crkva se rak rana na Srpskata crkva.

  2. Свако зна да су Србима најближи Македонци . Овде Патријарх греши. И када би се грађани питали црквени спор би био решен,али јерарси имају нека своја правила. Ту је и утицај Грчке међу епископима СПЦ. А највећи проблем је јерес етнофилетизма и код једних и код других. Помесне Цркве су се вековима називале по седишту и није било проблема ,а онда долази деветнаести век и етнофилетизам се увлачи у Цркву и зато имамо расколе и деобе на сваком кораку.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *