Почетна Вести СКАНДАЛОЗНО: За Обама во Ирак и Сирија нема геноцид врз Христијаните
СКАНДАЛОЗНО: За Обама во Ирак и Сирија нема геноцид врз Христијаните

СКАНДАЛОЗНО: За Обама во Ирак и Сирија нема геноцид врз Христијаните

338
0

Прогонот на христијанските малцинства во Ирак и Сирија не е геноцид. Ваков став има Белата Куќа. Администрацијата на Барак Обама, смета дека за да овој прогон може да се нарече геноцид, требало да има многу поголеми димензии. Ова го изјавил портпаролот на Белата куќа Џош Ернест, прашан дали ИСИС спроведува геноцид при своето истребување на христијаните во Сирија и Ирак.

-Моето разбирање за употребата на тој збор вклучува многу специфична правна дефиниција која се уште не е достигната. Ние веќе подолго време ја искажуваме нашата загриженост од тенденцијата, односно не тенденцијата, туку тактиката на ИСИС за уништување на верските малцинства во Ирак и Сирија. Токму поради тоа директно кажавме дека ИСИС го заслужува меѓународниот и интензивен одговор кој меѓународната заедница го спроведува против нив. Токму поради нивната тактика за уништување на верските малцинства, особено христијаните, изјавил портпаролот на Обама.

Минатата година телевизијата „Фокс њуз“ објави податок дека бројот на христијани во Ирак од 2003 година се намалил од 1,5 милиони на 275 илјади и оти им се заканува потполно уништување.

Според резолуцијата на Европскиот парламент усвоена во април 2015 година, христијаните се најпрогонуваната верска група во светот, а екстремизмот и прогонот се значителни фактори за се поголемиот феномен на масовни миграции, додека бројот на христијани убиени секоја година е над 150.000.

Христијанството, според некои извештаи, е на пат да исчезне од Ирак во следните пет години, додека истата судбина го чека во повеќето земји на Блискиот Исток.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *