Почетна Вести ПАПАТА: Франција мора да стане повеќе секуларна држава
ПАПАТА: Франција мора да стане повеќе секуларна држава

ПАПАТА: Франција мора да стане повеќе секуларна држава

54
0

„Вашиот секуларизмот е некомплетен. Франција мора да стане повеќе секуларна земја, бидејќи нејзиниот секуларизам понекогаш резултира премногу од филозофијата на просветителите, за кои религиите беа субкултура. И Франција не успеа да го надмине ова наследство“. Ова го изјавил Папата Франциск на средба со група католици привразници на француската левица.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, според оваа изјава на Папата здравиот секуларизм подразбира отвореност за сите форми на трансценденцијата во согласност со различните верски и филозофски традиции.

– Потрагата по трансцеденција не е само факт, туку право, нагласи папата Францск, осудувајќи го „отровот на идеологиите“.

– Ние имаме право да бидеме лево или десно. Но, идеологијата ја одзема слободата, порача понтифот.

Тој, исто така, изрази загриженост дека Европа „слабее и ризикува да стане празно место заборавајќи ја својата историја“.

– Единствениот континент кој може да донесе извесно единството на светот е Европа. Кина е можеби подревна култура, подлабока, но само во Европа има вокација на универзалност и услуги – рече тој.

Осврнувајќи се на имиграција, Франциск нагласи дека „денес може да се зборува за арапска инвазија“. – Но, со колку инвазии се соочи Европа! И таа секогаш успеа да ги надмине и да оди нанапред за потоа да стане уште поголема поради размената меѓу културите – додаде папата.

Франциск, чија посета на Франција е најавена уште минатата година, но се уште не е закажана, призна дека не ја знае француската реалност.

– Само три пати сум бил во Франција. Не ја знам вашата земја. Би рекол дека таа има извесна моќ на заведување. Во секој случај, Франција има многу силна хуманистичка определба – заклучи папата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *