Почетна Коментар Сега на потег е СПЦ, Вселенската патријаршија и го олесни патот за конечно решение
Сега на потег е СПЦ, Вселенската патријаршија и го олесни патот за конечно решение

Сега на потег е СПЦ, Вселенската патријаршија и го олесни патот за конечно решение

483
0

Позитивна вест е одлуката на Вселенската православна Цариградска патријаршија, предводена од патријархот Вартоломеј, која ја прими во канонско единство Македонската православна црква, свештенството и народот и со тоа заврши долгогодишниот неправеден период на т.н. “Шизма” (раскол).

Слушнавме подробно за придобивките од истото како што се можноста за сослужување на пример.

Овој дел е доволен за оваа одлука да се смета за позитивна, напредок кон крајната цел и е вредна за честитки до поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан, членовите на Синодот, свештените лица, верниците и секој кој помогнал во овој процес низ годините и децениите наназад.

Остануваат нерешени повеќе прашања и неизвесноста околу нив, а пред се тоа е статусот кој би го добила МПЦ-ОА, имајќи во обзир дека децениска цел е да се добие она што го има секоја православна црква која има своја држава со мнозинско православно население, а тоа е автокефалност и добивање т.н. “Томос” за истото.

Доколку претходно неформално е договорен некаков патоказ до автокефалност со СПЦ и со Цариградската Патријаршија тоа веројатно ќе се случи во следните месеци или најдоцна една година.

Статусот на автономна или самостојна никогаш не може да биде реална замена, или уште помалку синоним на автокефалност.

Името Охридска Архиепископија секако дека има своја голема историска тежина и континуитет во древната и укината Охридска Архипескопија.

Нагласеното исклучување од името на се што е поврзано со зборот “Македонија” во одлуката објавена вчера создаде едно горко чуство кај сите кога се прими позитивната вест, но тоа е име со кое ќе не ословува Цариградската Патријаршија(евентуално и некоја друга црква вонправославниот свет засеганата од името “Македонија”) и МПЦ-ОА или другите цркви во православниот свет немаат никаква пречка, обврска или ограничување да го користат името кое и во овој момент го има нашата црква.

Дополнително, познавајќи ги односите кој какво влијание има во Цариградската Патријаршија, во смисла на нашиот јужен сосед, се чини и дека нереално беше да се очекува истата да постапи поинаку.

Всушност јасно е дека не случајно МПЦ пред десетина години ја додаде Охридската Архиепископија во своето име, давајки со тоа можност за излезно решение на Цариградската Патриаршија при решение на спорот.

Сега е на потег СПЦ. Јас лично верувам дека после оваа одлука ним им е значително олеснета работата, крупен дел од проблемот им е решен и имајки го во предвид долгото непријатно искуство на релација СПЦ-МПЦ-ОА, долгогодишните добри политички односи меѓу Македонија и Србија и блискоста на народите во двете земји, како и можноста како во случајот со Украина во иднина Цариградската Патријаршија самата да додели автокефалност доколку повторно дојде до неправедно одолговлекување, СПЦ ќе покаже воља и подготвеност за прифаќање и признавање под името МПЦ-ОА и предлагање на Цариград доделување автокефалност.

Пишува: Никола Груевски (Фејсбук статус)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *